Во Македонскиот народен театар започнаа пробите за новата претстава „Кец на десетка“, работена според текстот на современиот автор Митко Бојаџиски и во режија на Драган Спасов - Дац, чија премиера се очекува на почетокот на новата сезона.
Текстот „Кец на десетка“ е урбана комедија која се случува во едно семејство.
Во претставата играат: Александар Миќиќ /Таткото Доксе, Тања Кочовска/мајката Грациела, Нина Деан/ќерката Ана и Ивица Димитријевиќ во улогата на Тоше.
Ова не е прво режисерско оставрување на Драган Спасов. Режисер е и на хит претставата „Балкански шпиoн“ на Драмски театар – Скопје.
Со почит,
НУ Македонски народен театар