Актери

Статус на актер

Сите

Дарја Ризова

Дарја Ризова е родена на 13 февруари 1987  г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факулет за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Кирил Ристоски и доц. Зоја Бузалковска, во 2010 г. Од 2013 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.

Селективна театрографија

  • Саша (Иванов, 2023), автор: А. П. Чехов, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар;
  • Снимен глас (Бакхи: Агава, 2022), сопоред Еврипид и Тамара Барачков, режисер: Нина Николиќ, во продукција на Перипетија продукција - Скопје во копродукција со Македонскиот народен театар и Градски театар од Јанина, Р Грција;
  • Петра (нивната ќерка), наставничка (Народен непријател, 2022), автор: Хенрик Ибзен, режисер: Нина Николиќ, финален продукт од комплексниот проект „Патиштата на хероите“, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар;
  • Маша (Нема да биде крај на светот, 2021), автор: Аднан Лугониќ, режисер: Нина Николиќ, во продукција на Перипетија продукција - Скопје во копродукција со Македонскиот народен театар и Сараевскиот ратни театар - САРТР;
  • Дездемона (Отело, 2019), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Нина Николиќ, копродукциски проект помеѓу Перипетија продукција, Македонски народен театар и Босанско народно позориште Зеница;
  • Ширли (Бесачи, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар;
  • Нина Михајловна Заечна (Галеб, 2018), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Нина Николиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Вера Александровна (Еден месец на село, 2018), автор: Иван Сергеевич Тургењев, режисер: Паоло Маџели, продукција: Македонски народен театар;
  • Принцеза Џазмин (Авантурите на Аладин, 2017), адаптација, драматизација и режија: Бојан Трифуновски, продукција: Македонски народен театар;
  • Маријана (Тартиф, 2016), автор: Жан Батист Молиер, режија: Галин Стоев, продукција: Македонски народен театар;
  • Реја (Соларис, 2016), автор: Станислав Лем, драматизиција и режија: Андриј Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
  • Младата Ана Бергман (Разговори во четири очи, 2015), автор: Ингмар Бергман, адаптација: Тамара Барачков, режисер: Нина Николиќ, копродукција: Македонски народен театар и Скопје филм студио;
  • Електра (Електра, 2014), автори: Есхил, Софокле, Еврипид и Жан Пол Сартр, режисер: Андриј Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
  • Соња (Вујко Вања, 2014), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: Македонски народен театар;
  • Тилтил (Сината птица, 2014), автор: Морис Метерлинк, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
  • Македонка Филиповна (Аферата Елсинор, 2014), автор и режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Кој пукаше на 21ви?, 2014), автор: Керил Черчил, режисер: Нина Николиќ, продукција: Младински културен центар - Скопје;
  • Естел Бенвениста (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Шила (Секс, лаги и диви гуски, 2012), автор: Вуди Ален, режисер: Нина Николиќ, продукција: Младински културен центар;
  • Јулија (Госпоѓица Јулија, 2012), автор: Аугуст Стринберг, режисер: Саулиус Варнарс, продукција: Македонски народен театар;
  • (Троил и Кресида, 2012), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • (Животот е сон, 2012), автор: Педро де ла Барка Калдерон, режисер: Владо Цветановски, продукција: Македонски народен театар;
  • Меглена (Дедо Мраз на Марс, 2012), режисер: Снежана Коневски - Руси, продукција: Македонски народен театар;
  • Учителката (Дедо Мраз во приказните, 2011), режисер: Нина Николиќ, продукција: Културен центар ЦК, Скопје;
  • Сузана (Свадбата на Фигаро, 2011), автор: Пјер Бомарше, режисер: Леван Цуладзе, продукција: Македонски народен театар;
  • Даша Шатова (Бесови, 2011), автор: Достоевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар - Скопје;
  • Ања (Вишновата градина, 2010), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Трајче Георгиев, продукција: Македонски народен театар - Скопје;
  • Клара (Спиноза, 2010), автор: Гоце Смилевски, режисер: Зоја Бузалковска, копродукција: Мал драмски театар од Битола и Драмски театар - Скопје;
  • Сандра Крос и Мајката на Чарлс (Гнев, 2010), автор: Стивен Кинг, режисер: Зоја Бузалковска (дипломска претстава);
  • Меј (Луди за љубов, 2010), автор: Сем Шепард, режисер: Нина Николиќ, продукција: Младински културен центар - Скопје;
  • Учителка по англиски јазик (Госпоѓа министерка, 2010), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар - Скопје;
  • (Волшебникот од Оз, 2010), режисер: Нина Николиќ, продукција: Културен центар ЦК, Скопје
  • Јула (Таму каде што не сум бил, 2009), автор: Жанина Мирчевска, режисер: Зоја Бузалковска, Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп;
  • Ема (Неверство, 2009), автор: Харолд Пинтер, режисер: Нина Николиќ, продукција: Културен центар ЦК-Скопје;
  •  (Заспани, 2009, кореодрама според „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов), режисер: Нина Николиќ, продукција: Факултет за драмски уметности, Скопје;
  • (Воајер, 2009), режисер: Александра Кардалевска, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Лора Вингфилд (Стаклена менажерија, 2008), автор: Тенеси Вилијамс, режисер: Нина Николиќ;
  • Метаморфози, според Овидиј, режисер: Александар Поповски, Линц, Австрија;
  • Костур (Класен непријател), автор: Најџел Вилијамс, режисер: Васил Христов, продукција: Вондерленд театар.

Селективна филмографија

  • (Панкот не е мртов, 2011), режисер: Владимир Блажевски;
  • (1955), режисер: Фисник Зекири.

Награди

  • Награда за истакната јавна личност во државата, изгласана од јавноста за 2023 година, доделена ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
  • „Најдобар млад уметник" за 2022 година доделена од ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
  • Награда за најдобра млада актерка за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ на ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ТЕАТАРСКИ СРЕДБИ БРЧКО ДИСТРИКТ, Брчко, БиХ, 2022 г.
  • Награда за највисоко актерско остварување за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ на 30. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ - Струмица 2022 г.;
  • Наградата за најдобра актерка на Фестивалот на актерот во Коњиц - БиХ, за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“, 2022 г.;
  • Наградата за најдобра актерка на меѓународно ниво за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ во Р Турција, 2022 г.;
  • Наградата за најдобра актерка во претставата „Нема да биде крај на светот“ на фестивалот „Живи Фест“ во Босна и Херцеговина, 2022 г.;
  • Награда за најдобар млад актер „Рејџан Демирџиќ“ на Интернационалниот фестивал МЕСС, Сараево, за улогата Електра во претставата „Електра“, 2017 г.
  • Награда за најдобра актерка, на фестивалот на античка драма „Стоби“, за улогата Електра во претставата „Електра“, 2015 г.;
  • Награда за најдобра женска улога, на Фестивалот ФИАТ-Подгорица, за улогата на Електра во претставата „Електра“, 2015 г.;
  • Награда за главна женска улога, на МТФ „Војдан Чернодрински“ за улогата на Електра во претставата „Електра“, 2015 г.;
  • Награда за најдобра актерка на годината на „Златна Бубамара“ на популарноста,  2014 г.;
  • Награда за најдобар млад актер, на МТФ „Војдан Чернодрински“ 2014 г., за улогата на Естел Бенвениста, во претставата „Вечната куќа“;
  • Награда за најдобра женска улога ADRIANA AWARD на Интернационалниот фестивал SKENA UP- Приштина, за улогата на Лора Вингфилд, во претставата „Стаклена менажерија“, 2008 г.
  • Име Дарја
  • Презиме Ризова
  • Година на раѓање 1987
  • Пол Женско
  • Статус на актер Активен ансамбл
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk