Јасмина Поповска е родена на 14 јули 1959 г. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Тодорка Кондова-Зафировска и проф. Слободан Унковски, во 1984 г. Веднаш по дипломирањето се вработува во Македонски народен театар - Скопје.
Селективна театрографија
- Хор (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
- (Мојот човек, 2012), автор: Мирјана Ојданиќ, адаптацијација и режија: Катерина Коцевска, продукција: Македонски народен театар;
- (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
- Болничарка (Мара/Сад, 2008), автор: Петер Вајс, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
- Сузана (Кројач за дами, 1996), автор: Жорж Фејдо, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;
- Хелена (Обѕирни се во гнев, 1995), автор: Џон Озборн, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
- Цвета (МКС, 1995), автор: Војдан Чернодрински, адаптација и режија: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
- Ана (Буре барут, 1994), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
- Девојката (Соната на сеништата, 1992), автор: Август Стриндберг, режисер: Стојан Стојаноски, продукција: Македонски народен театар;
- Анжелика (Жорж Данден, 1992), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- Елианта (Мизантроп, 1989), автор: Жан Батист Молиер, режисер Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- (Црна дупка, 1988), автор: Горан Стефановски, режисер: Паоло Маџели, продукција: Македонски народен театар;
- Мира (Кал, 1988), автор: Марија Ирене Форнес, режисер: Наум Пановски, продукција: Македонски народен театар;
- Мица (Мрестење на краповите, 1987), автор: Александар Поповиќ, режисер: Ацо Алексов, продукција: Македонски народен театар;
- Емилија/Маја (Баал, 1987), автор: Бертолт Брехт, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- Ружа (Тетовирани души, 1986), автор: Горан Стефановски, режисер: Богдан Поп Ѓорчев, продукција: НТ Штип;
- Гуштерица (Гуштерица, 1986), автор: Александар Володин, режисер: Евгениј Лазаров, продукција: Македонски народен театар;
- Ангелина (Рамна земја, 1985), автор: Ташко Георгиевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- Мирандолина (Мирандолина, 1985), автор: Карло Голдони, режисер: Вукан Диневски, продукција: Македонски народен театар;
- Амелија (Погрижи се за Амелија, 1984), автор: Жорж Фејдо, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Македонски народен театар.
Селективна филмографија
- (Северна грешка, ТВ филм, 1990), режисер: Борис Дамовски;
- Лејла (Марика лета со авион, ТВ филм, 1988), режисер: Борис Дамовски.
Награди
- Награда за најдобар млад актер на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп;
- Награда на ревијата „Екран“ за најдобар млад актер за улогата на Емилија во претставата „Баал“, 1988 г.
- Признание на ТВ-филмскиот фестивал во Берлин.
Дополнителни информации
ТВ серии:
- Перуника (Од денес за утре, 2010)
- (Македонски народни приказни, 1986 - 89)
- (Случки од животот, 1987).