Актери

Статус на актер

Сите

Никола Ристановски

Никола Ристановски е роден на 23 јануари 1969 г., во Острава, Чешка. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Владимир Милчин, во 1993 г. Од 1994 г. работи во Македонски народен театар – Скопје.
Освен на матичната сцена настапува и на театарските сцени низ Македонија и надвор од земјата. Ристановски е најтрофејниот актер од Македонија со голем број награди добиени и за претстави продуцирани надвор од матичната земја.

Селективна театрографија

  • (Кукла од креветот број 21, 2023), адаптација и режија: Егон Савин, продукција: Народно позориште - Белград;
  • Давид (Сите сме птици, 2022), автор: Важди Муавад, режисер: Слободан Унковски, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар;
  • д-р Томас Стокман, лекар во општинската бања (Народен непријател, 2022), автор: Хенрик Ибзен, режисер: Нина Николиќ, финален продукт од комплексниот проект „Патиштата на хероите“, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар;
  • Хари (Бесачи, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Борис Алексеевич Тригорин (Галеб, 2018), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Нина Николиќ, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Михаил Александрич Ракитин (Еден месец на село, 2018), автор: Иван Сергеевич Тургењев, режисер: Паоло Маџели, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Подсекаљников (Животот е прекрасен, 2016), автор: Николај Ердман, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Иванов (Иванов, 2016), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Татјана Мандиќ – Ригонат, продукција: Народно позориште - Белград
  • Воланд (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Кристијан (Изгубени германци, 2013), автор: Дејан Дуковски, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Пејач (Одисеј, 2012), автор: Горан Стефановски, режисер: Александар Поповски, продукција: ULYSSES
  • Молиер (Животот на Молиер, 2012), автор: Михаил Булгаков, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Леоне (Глембаеви, 2010), автор: Мирослав Крлежа, режисер: Јагош Марковиќ, продукција: Ателје 212 - Белград
  • Агамемнон (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Јуда Искариот (Свето срце 2009), автор: Љубиша Георгиевски, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Ахмед Нуридин (Дервишот и смртта, 2008), автор: Меша Селимовиќ, режисер: Егон Савин, продукција: Народно позориште - Белград
  • Ван Хелсинг (Дракула, 2008), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Раскољников (Злосторство и казна, 2007), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Егон Савин, продукција: Црногорско народно позориште - Подгорица
  • Алекса Зуниќ (Сомнително лице, 2007), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Карлсон (Близок град, 2006), автор: Маркус Иваскевициус, режија: Миодраг Маѓар, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Доктор (Петар Цетињски, 2006), адаптација и режија: Бранислав Миќуновиќ, продукција: Црногорско народно позориште - Подгорица
  • Дон Жуан (Дон Жуан, 2005), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Александар Поповски, продукција: Драмски театар - Скопје
  • Бег Пинторовиќ (Хасанагиница, 2004), автор: Љубомир Симовиќ, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Народен театар – Битола
  • Александар Игнатјевич Версинин (Три сестри, 2004), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Александар Поповски, продукција: Народен театар - Битола
  • Д-р Паљикарда (Лажниот цар, 2003), автор: Мирко Ковач, режисер: Бранислав Миќуновиќ, продукција: Црногорско народно позориште - Подгорица
  • Грит (Никаде никого немам, 2003), автор: Едвард Бонд, режисер: Егон Савин, продукција: Црногорско народно позориште - Подгорица
  • Керим-ага (Магдо љубов моја, 2003), автор: Сашко Насев, режисер: Димитар Станковски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Тито (Ослободување на Скопје, 2002) автор: Душан Јовановиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Т. Хрисантич (Малограѓани), автор: Максим Горки, режисер: Паоло Маџели, продукција: Црногорско народно позориште - Подгорица
  • Осман-бег (Балканот не е мртов, 2001), автор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Николај Ставрогин (Демони, 2001), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Димитрија (Диво месо, 2000), автор: Горан Стефановски, режисер: Александар Поповски, продукција: Драмски театар - Скопје
  • Хамлет (Плеј Шекспир, 2000), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Даниел Волф (Поблиску, 2000), автор: Патрик Марбер, режисер: Слободан Унковски, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Жан (Носорог, 1999), автор: Ежен Јонеско, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар - Скопје;
  • Ермолај Алексеевич Лепахин  (Вишновата градина, 1997), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • д-р Фалус (Маме му ебам кој прв почна, 1997), автор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Мажот (Едмонд, 1997), автор: Дејвид Мамет, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Пентхеус (Баханалии, 1996), автор: Горан Стефановски, режисер: Бранко Брезовац, продукција: Интеркулт-Св
  • Леоне Глембај (Глембаеви, 1996), автор: Мирослав Крлежа, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Мисхин (Циркус Принтимпрам, 1995), автор: Даниел Хармс, режисер: Александар Поповски, продукција: Театар „Мала станица“ - Скопје
  • Дојчин (Лепа  Ангелина, 1995), автор: Блаже Ристевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Андреа (Буре барут, 1995), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Раскољников (Злосторство и казна, 1994), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Егон Савин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Управник на домот (Бунт во домот за старци, 1994), автор: Венко Андоновски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Ноздриоф (Мртви души, 1993), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • (Антигона, 1993), автор: Душан Јовановиќ, режисер: Ленка Удовички, продукција: Народен театар - Куманово
  • Гоце Делчев (Женски прилог за ноќта, 1993), автор: Блаже Миневски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Студентот Аркенхолц (Соната на сеништата, 1992), автор: Август Стриндберг, режисер: Стојан Стојановски, продукција: Македонски народен театар- Скопје
  • Џинот (Џинот и седумте џуџиња, 1992), автор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, продукција: НТ „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ - Велес
  • Клитандар (Жорж Данден, 1992), автор: Жан Батист Молиер, режија: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје

Селективна филмографија

  • (Деца, пост-продукција), режисер: Никола Вукчевиќ
  • Виктор Колар (Единствен излез, 2021), режисер: Дарко Николиќ
  • Јаса Томиќ Постариот (Името на народот, 2020), режисер: Дарко Бајиќ
  • Сењор (Сељор, 2019), режисер: Маша Кларк
  • Таткото (Екипа, 2019), режисер: Марко Шопиќ
  • Хаџи Замфир (Зона Замфирова 2, 2017), режисер: Југ Радивојевиќ
  • Петар (Игла под прагот, 2016), сценарист и режисер: Иван Мариновиќ
  • Трендафилов (Ослободување на Скопје, 2016), режисери: Данило и Раде Шербеџија
  • Горан (Џган, 2016), режисер: Вардан Тозија
  • Никола Спиров (Медена ноќ, 2015), режисер: Иво Трајков
  • Цветко (До балчак, 2014), режисер: Столе Попов
  • Џанкарло (Враќање, краток филм, 2014), режисер: Дина Дума
  • Крешо (Косач, 2014), режисер: Звонимир Јурич, продукција: Кинорама Хрватска/Еуроимаге
  • Осман (Балканот не е мртов, 2013),  режисер: Александар Поповски, Кино Око продукција – македонско-француско – турска
  • Петар (Зверињак/Менагерие, 2012), режисер: Марко Новаковиќ, РТС- Србија
  • Никола (Малиот љубавен бог, 2011), режисер: Жељко Шошиќ, Кавал Филм/Догма студио- Македонија, Црна Гора
  • Писател (Ова не е американски филм, 2011), режисер: Сашо Павловски
  • Бугарски функционер (Монтевидео, 2010), режисер: Драган Бјелогрлиќ, Интермедиа нетворк/РТС – Србија ,Франција
  • Коцкар (Есен во мојата улица, 2009), режисер: Милош Пушиќ
  • Шприцер (Штркови во магла, 2008), режисер: Горан Гајиќ, продукција: Кобра филм
  • Петар (Превртено, 2007), режисер: Игор Иванов-Изи, продукција: Сектор филм-Македонија и Маинфрејм, Лондон
  • Наратор (Филм, 2007), режисер: Иво Трајков
  • (Боли ли?, 2007), режисер: Анета Лешниковска
  • Кец (Стрмоглави, ТВ филм, 2006), режисер: Маја Младеновска
  • (Едно од лицата на смртта, ТВ филм, 2003), режисер: Филип Чемерски
  • Борис, езотеричен кабаре артист (Буре барут 1998), режисер: Горан Паскаљевиќ; продукција: МАЦТ, Франција, ТИЦКЕТ, Франција, СТЕФИСА, Грција, МИНЕ, Турција, ВАНС, Југославија
  • Кузман (Збогум на 20. век, 1998), режисер: Александар Поповски, Дарко Митревски, продукција: „Мирко и Славко, Прва партизанска продукција“
  • Константин (Преку езерото, 1997), режисер: Антонио Митриќески, продукција: Логос, Полска, Вардар филм, Македонија
  • Бронски (Светло сиво, 1994), режисери: Дарко Митревски, Александар Поповски;  продукција: „Пегас“ и ФДУ, Македонија
  • (Крик на немиот Индијанец, ТВ филм, 1993), режисер: Томислав Алексов

ТВ серии

  • Виктор Колар (Единствен излез, 2021), режисер: Дарко Николиќ
  • Филип (Група, 2019)
  • Коља (Утрото ќе промени сé, 2018), режисер: Горан Станковиќ. Владимир Тагиќ, Милица Томовиќ
  • Дане (Пет, 2018), режисер: Балса Џого
  • д-р Арчибалт Рајс (Сенките над Балканот, 2017), режисер: Драган Бјелогрлиќ
  • д-р Виктор Терзиев (На терапија, 2017), режисер: Вардан Тозија
  • Бугарски функционер (Монтевидео, Бог те видео!, 2012), режисер: Драган Бјелогрлиќ
  • Никола (Обични луѓе, 2005), режисер: Томислав Алексов
  • Никола (УА, шнајдери!, 1995), режисери: Дарко Митревски и Александар Поповски
  • Хорист 2, Младиот Алберт Швајцер (Еурека, 1991 - 1994)
  • Димитар Миладинов (Прекалени, 1994), режисер: Димитар Христов                   

Меѓународно жири

  • „МФМС“, Риека, Хрватска, 2006 г.
  • „Стериино позорје”, Нови Сад, Србија, 2007 г.

Награди

  • Награда за најдобар актер во улогата на д-р Стокман во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ на 43. Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани“, Врање - Р Србија, 2023 г.;
  • Награда за најдобар актер во улогата на д-р Стокман во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ на 7. Интернационален фестивал „ОТЕЛО“ во Гостивар, 2023 г.;
  • Награда „Александар Лифка“ во регионална категорија на 30-тото издание на Фестивалот на европски филм Палиќ, Р Србија, 2023 г;
  • Награда гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора,
  • Награда за главна машка улогата на д-р Томас Стокман во претставата „Народен непријател“, на фестивалот „НОВ ТВРДИНА ТЕАТАР“ - Србија, 2022 г;
  • Награда за главна машка улога за улогата на Подсекаљников во претставата „Животот е прекрасен“, МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2016 г.
  • Награда за најпопуларен актер за 2016 г. на „Златна Бубамара на популарноста“
  • Награда „Златен делфин“ за најдобар актер во рамките на „Босфорскиот филмски фестивал“ во Истанбул (за улогата во филмот „Игла под прагот“), 2016 г.
  • Најдобар актер за улогата на Молиер во претставата „Животот на Молиер“ на фестивалот „Пургаторије“, Тиват, Црна Гора, 2015 г.
  • Награда на фестивалот „Ристо Шишков“ - Струмица за улогата на Молиер во претставата „Животот на Молиер“, 2012 г.
  • Награда за најдобар актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за улогата на Молиер во претставата „Животот на Молиер“, 2012 г.
  • Награда за најдобар актер на ИССТФ, Риека, Хрватска, за улогата на Леоне Глембај во претставата „Глембаеви“, 2011 г.
  • Награда за најдобар актер на ИССТФ, Риека, Хрватска, за улогата на Ахмед Нурудин во претставата „Дервишот и смртта“, 2010 г.
  • Награда во „Ардалион“, Ужице, за улогата на Ахмед Нурудин во претставата „Дервишот и смртта“, 2010 г.
  • Награда за актер за 2010 г. на „Златна Бубамара на популарноста“
  • Награда „Раша Плаовиќ“, Белград, за улогата на Ахмед Нурудин во претставата „Дервишот и смртта“, 2009 г.
  • Награда на „Народно позориште“, Белград, за улогата на Ахмед Нурудин во претставата „Дервишот и смртта“, 2009 г.
  • Награда „Зоран Радмиловиќ“, Фестивал во Заечар, за улогата на Ахмед Нурудин во претставата „Дервишот и смртта“, 2009 г.
  • Награда „Зоранов БРК“ на Фестивал во Заечар, за улогата на Ахмед Нурудин во претставата „Дервишот и смртта“, 2009 г.
  • Награда за најдобар актер на „Стериино позорје“, Нови Сад, Србија, за улогата на Ахмед Нурудин во претставата „Дервишот и смртта“, 2009 г.
  • Награда за најдобар актер на фестивалот „Петар Кочиќ“, Бања Лука, Босна и Херцеговина, за улогата на Ахмед Нурудин во претставата „Дервишот и смртта“, 2009 г.
  • Награда за најдобар актер на „Фестивал на босанскохерцеговачка драма“, Зеница, Босна и Херцеговина, за улогата на Ахмед Нурудин во претставата „Дервишот и смртта“, 2009 г.
  • Награда за најдобар актер  на фестивалот „Јоаким Вујиќ“, Крагујевац – Србија, за улогата на Ахмед Нурудин во претставата „Дервишот и смртта“, 2009 г.
  • Награда за награда „Актер на вечерта“ на фестивал во Пожаревац, Србија, за улогата на Ахмед Нурудин во претставата „Дервишот и смртта“, 2009 г.
  • Награда за актер на годината „Златна бубамара на популарноста“, Македонија, 2006 г.
  • Маж на годината  на „Форум“, 2006 г.
  • „Златен ловоров венец” на МЕСС - Сараево, БиХ, за улогата на Дон Жуан во претставата „Дон Жуан“ и за улогата на Грит во преставата „Никаде никого немам“, 2006 г.
  • Награда за најдобар актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, за улогата на Дон Жуан во претставата „Дон Жуан“, 2006 г.
  • Награда за најдобар актер „Медитеран“ (Нови Лист) „ИССТФ“, Риека, Хрватска, за улогата на Грит во преставата „Никаде никого немам “, 2005 г.
  • Награда за награда за актер за 2005 г. на „Златна Бубамара на популарноста“
  • Награда за најдобар актер  на „ИССТФ“ – Риека, Хрватска, за улогата на Грит во преставата „Никаде никого немам “, 2005 г.
  • Награда за најдобар актер во Црна Гора за улогата на Грит во преставата „Никаде никого немам “, 2003 г.
  • Награда за актер на годината „Златна Бубамара на популарноста“, 1998 г.
  • Награда за најдобар актер на списанието „Екран“ за улогата на Лопахин во претставата „Вишновата градина“, 1998 г.
  • Награда за најдобар актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за улогата на Лопахин во претставата „Вишновата градина“, 1998 г.
  • Награда за најдобар актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за улогата на д-р Фалус во „ММЕ кој прв почна“, 1997 г.
  • Награда за најдобар млад актер според списанието „Екран“, за улогата на Раскољников во претставата „Злосторство и казна“, 1994 г.
  • Награда за најдобар актер „Златна маска“ на фестивалот „Охридско лето“ за улогата на Раскољников во претставата „Злосторство и казна“, 1994 г.
  • Награда за најдобар актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ за улогата на Управник во домот во претставата „Бунт во домот за старци“, 1993 г
  • Пол Машко
  • Статус на актер Активен ансамбл
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk