Актери

Статус на актер

Сите

Нино Леви

Нино Леви е роден на 19 јануари 1960 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Георгиевски и проф. Слободан Унковски, во 1987 г. Од 1989 г. е вработен во Македонски народен театар - Скопје.

Селективна театрографија

  • Аслаксен, сопственик на печатница (Народен непријател, 2022), автор: Хенрик Ибзен, режисер: Нина Николиќ, финален продукт од комплексниот проект „Патиштата на хероите“, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар;
  • Чарли (Бесачи, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар;
  • (Најкратки драми на светот, 2019), разни автори, режисер: Трајче Ѓоргиев, продукција: Македонски народен театар;
  • Грегор (Реалисти, 2018), автор: Јелена Кајго, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: СПОНА;
  • Афанасиј Иванович Бољшинцов (Еден месец на село, 2018), автор: Иван Сергеевич Тургењев, режисер: Паоло Маџели, продукција: Македонски народен театар;
  • Божин (Силјан штркот шанца, 2016), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Бескудников, Никанор Иванович Басој, Гостин на балот (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;
  • Телегин, Иља Иљич (Вујко Вања, 2015), автор: Антон Павлович Чехов , режисер: Зоја Бузалковска, продукција: Македонски народен театар;
  • Вилијам Гарланд (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Лебре, кројач (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Грофот (Свадбата на Фигаро, 2011), автор: Пјер Бомарше, режисер: Леван Цуладзе, продукција: Македонски народен театар;
  • (Троил и Кресида, 2009), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Прв чувар (Лет во три глави, 2009), автор: Загорка Поп-Антоска Андовска, режисер: Никола Ристов, продукција: Македонски народен театар;
  • Вујко Васе (Госпоѓа министерка, 2009) ), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
  • Генерал Котис (Кралот Иби, 2007), aвтор: Жари Алфред, режисер: Бојан Трифуновски, продукција: Македонски народен театар;
  • Таса (Сомнително лице, 2007), aвтор: Бранислав Нушиќ, режисер: Синиша Ефтимов, продукција: Македонски народен театар;
  • Августин Ферајон (Болва в уво, 2007), aвтор: Жорж Фејдо, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
  • Луко (Оркестар Титаник, 2006), автор: Христо Бојчев, режисер: Димитар Станковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Шенкс О’Нил (Сцени од животот, 2004), автор: Овен мек Каферти, режисер: Филип ле Моан, продукција: Македонски народен театар;
  • Малиот човек (Малиот човек,2004), aвтор: Антон Павлович Чехов, режисер: Нино Леви, продукција: Македонски народен театар;
  • Д-р Стоилов, Иван Гарванов, Бертолучи (Белите коњи, 2003), aвтор: Петре Бакевски, режисер: Виолета Џолева, продукција: Македонски народен театар;
  • Лудото момче (Ослободување на Скопје, 2002), aвтор: Душан Јовановиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Христов (Црнила, 2001), автор: Коле Чашуле, режисер: Вилоета Џолева, продукција: Младински културен центар - Скопје;
  • Свекорот, Тролот Трачар, Фон Еберкопф, Војникот фалбаџија, Првиот бедуин (Пер Гинт, 2001), автор: Хенрих Ибзен, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
  • Кнез (Павилјони, 2001), автор: Милена Марковиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Липутин (Демони, 2001), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Мате (Гроф Миливој, 2001), автор: Ристо Крле, режисер: Димитрије Османли, продукција: Македонски народен театар;
  • Ангел Неми (Немушт јазик, 2000), автор: Блаже Миневски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
  • Харви Дент, Дејвид Ендокрин, Продавачот, Д-р Форб, Градоначалникот Стивенсон (Бетмен враќањето на црниот витез, 1999), автори: Френк Милер и Кристијан Ристевски, режисер: Кристијан Ристевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Госпоѓа Беф (Носорог, 1999), автор: Ежен Јонеско, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Морнарот и Човекот во лифт (Мисија, 1998), автор: Хајнер Милер, режисер: Кристијан Ристевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Дионис (Жаби, 1998), автор: Аристофан, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
  • Третиот (Маме му ебам кој прв почна, 1997), aвтор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
  • Епиходов Семјон Пантелеевич (Вишновата градина, 1997), aвтор: Антон Павлович Чехов, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Бармен, Сопственик на бар и полицаец (Едмонд, 1997), автор: Дејвид Менет, режисери: Синиша Евтимов и Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
  • Батиќ (Лаж и паралаж, 1996), aвтор: Јован Стерија Поповиќ, режисер: Егон Савин, продукција: Македонски народен театар;
  • Симеон Лапакин (Лепа Ангелина, 1995), aвтор: Благоја Платнарот - Ристески, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Спасе (МКС, 1995), автор: Војдан Чернодрински, адаптација и режија: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Граѓанинот (Злосторство и казна, 1994), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Егон Савин, продукција: Македонски народен театар;
  • Инспектор (Бунт во домот за старци, 1994), автор: Венко Андоновски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
  • Хорна (Јануари, 1994), автор: Јордан Радичков, режисер: Иван Добчев, продукција: Македонски народен театар;
  • Гела (Буре барут, 1994), aвтор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Првиот момок, Полемос бај, Ковачот, Мајсторот за оружје (Мир, 1993), aвтор: Аристофан, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Младен (Народен пратеник, 1993), aвтор: Бранислав Нушиќ, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;
  • Ѕверот (Џинот и седумте џуџиња, 1992), автор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, продукција: НТ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ - Велес;
  • Клов (Крајот на играта,1991), автор: Семијел Бекет, режисер: Горан Тренчовски, продукција: Македонски народен театар;
  • Мирче Чештерјанов (Крик,1991), автор: Блаже Миневски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Синот на Рафред (Посета на старата дама, 1990), автор: Фридрих Диренмат, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
  • Грај (Ричард трети, 1990), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Рахим Бурхам, продукција: Македонски народен театар;
  • Пашка Јерјомин (Валпургиска ноќ, 1989), автор: Венедикт Ерофеев, режисер: Владимир Портонов, продукција: Македонски народен театар;
  • (Рави, 1989), автор: Синиша Ковачевиќ, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Коњот Караман (Рекламна бајка, 1989), автор: Русомир Богдановски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Македонски народен театар;
  • Онуфрие (Денови на нашиот живот, 1989), автор: Леонид Андреев, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар.

Селективна филмографија

  • Татко (Looking Away, краткометражен филм, 2017), режисер: Џеки Рамсаи;
  • Градоначалникот (Вистинска љубов, ТВ-филм, 2016), режисер: Јани Бојаџи;
  • Советник на еврејскиот купувач (Соба со пијано, 2013), режисер: Игор Иванов - Изи;
  • Бардо (Продавач на свеќи, 2012), режисер: Марија Апчевска;
  • Првиот силувач (Како да ме нема, 2010), според делото на Славенка Дракулиќ, режисер: Хуанита Вилсон;
  • Михо (Сенки, 2007), режисер: Милчо Манчевски;
  • Келнерот (Преку езерото, 1997), режисер: Антонио Митриќески;
  • Живко (Добродојдовте во Сараево, 1997), режисер: Мајкл Винтерботом;
  • Поштар (Пред дождот, 1994), режисер: Милчо Манчевски;
  • Трендафил (Светло сиво, 1993), режисери: Срѓан Јаниќијевиќ и Дарко Митревски;
  • (Тетовирање, 1991), режисер: Столе Попов;
  • (Мугра,ТВ филм,1989), режисер: Љупчо Билбиловски;
  • (Хај – Фај, 1987), режисер: Владимир Блажевски.

ТВ-серии:

  • Миленко (Фамилија Марковски, 2017), режисер: Даријан Пејовски;
  • Првиот финансов полицаец (Преспав, 2016 - 2018), продукција: ОХО;
  • (Народни приказни, 2009-2010);
  • (Патување со рабробил, 2006), режисер: Огнен Димитровски;
  • Цаци (Обични луѓе, 2005), режисер: Томислав Алексов;
  • Ристо (Наше маало, 1999);
  • (Во светот на бајките, 1999), режисер: Миле Гроздановски;
  • Втор агент (Еурека, 1990).

Награди

  • Награда за актер за 2008 г. на „Златна Бубамара на популарноста“.

Дополнителни информации

Останато:

  • Работи и на надсихронизација на странски филмови и серии;
  • Радиодрами;
  • Водител на ТВ-квизови.
  • Име Нино
  • Презиме Леви
  • Година на раѓање 1960
  • Пол Машко
  • Статус на актер Активен ансамбл
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk