Актери

Статус на актер

Сите

Тина Трпкоска

Тина Трпкоска е родена на 20 мај 1988 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Фaкултетот за драмски уметности,Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владо Цветановски и доц. Мими Таневска, во 2011 г. Од 2013 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.

Селективна театрографија

  • Еден (Сите сме птици, 2022), автор: Важди Муавад, режисер: Слободан Унковски, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар;
  • Марија Илинична (Галеб, 2018), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Нина Николиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Лизавета Богдановна (Еден месец на село, 2018), автор: Иван Сергеевич Тургењев, режисер: Паоло Маџели, продукција: Македонски народен театар;
  • Марија (Дух, 2018), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Сиве и Бенд „Кокошки од пеколот“ (Силјан штркот шанца, 2016), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Раиса Филиповна (Животот е прекрасен, 2016), автор: Николај Ердман, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
  • Денискина, Секретарка и Гостинка на балот (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;
  • Џун (Чикаго, 2015), автор: Фред Еб и Боб Фос, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
  • Мачката Тилета (Сината птица, 2014), автор: Морис Метерлинк, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
  • Шарлота Корде (Аферата Елсинор, 2014), автор и режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Гавранот (Снежната кралица, 2014), автор: Ханс Кристијан Андерсен, режисер: Снежана Конеска Руси, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Жана Балавуван и Хор (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Жоржета (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Актер и музички соработник (Животот е сон, 2012), автор: Педро де ла Барка Калдерон, режисер: Владо Цветановски, продукција: Македонски народен театар;
  • Макс Кролиан (Секс, лаги и диви гуски, 2012), автор: Вуди Ален, режисер: Нина Николиќ, продукција: Младински културен центар - Скопје;
  • Сара Папучковска (Хаусситери, 2011), автор: Горјан Милошевски, режисер: Билјана Радиноска, продукција: Театра;
  • Старата Мајка (Дон Жуан се враќа од војна, 2011), автор: Еден фон Хорват, режисер: Владо Цветановски, продукција: Факултет за драмски уметност, Скопје;
  • Скубе (Дедо Мраз во приказните, 2011), режисер: Нина Николиќ, продукција: Културен центар ЦК, Скопје;
  • Молња (Без норми, без правила, 2010), кореодрама, режисер: Нина Николиќ, продукција: Културен центар, ЦК - Скопје;
  • (Оркестар ББ, 2010), според Опера за три гроша од Бертолд Брехт, режисер: Владо Цветановски, продукција: Факултет за драмски уметности, Скопје;
  • Хор (Троил и Кресида, 2009), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Болничарката (Пикник на фронтот, 2009), автор: Фернандо Арабал, режисер: Лука Кортина, продукција: Факултет за драмски уметности, Скопје;
  • (Заспани, 2009), кореодрама според Три сестри од Антон Павлович Чехов, режисер: Нина Николиќ, продукција: Факултет за драмски уметности, Скопје;
  • Наречница (Фатум, 2009), кореодрама, режисер: Кренаре Невзати, продукција: Фестивал „Скомрахи“.

Награди

  • Награда за најдобра претстава „Оркестар ББ“, ФИСТ – Белград, 2010 г.

Дополнителни информации

Автор на текст за песни во претставите:

  • „Евридика“, 2013 г. автор: Сара Рул, режисер: Нина Николиќ, продукција: Драмски театар - Скоје;
  • „Пинокио и Црвенкапа во потрага по Аладиновата ламба“, 2011 г., автор: Драгана Лукан Николоски, режисер: Нина Николиќ, продукција: НУ „Трајко Прокопиев“ - Куманово.

Превод и препев:

  • (MAMMA MIA!, 2017), музика и текст: Бени Андерсон, Бјорн Улвеус, текст: Кетрин Џонсон, по приказната на: Џуди Крејмер, режисер:Наташа Поплавска, копродукција: Македонски народен театар и Проспот - Словенија;
  • Име Тина
  • Презиме Трпкоска
  • Година на раѓање 1988
  • Пол Женско
  • Статус на актер Активен ансамбл
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk