Оваа моќна современа драма која спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, го истражува и идентитетот за тоа кои сме - или мислиме дека сме.Во драмата на оригиналниот и современ автор од либанско-канадско потекло, Важди Муавад, додека во светот се случува израелско-палестинскиот конфликт и нападите, едно семејство е во теснец и е принудено да се соочи со сето она што го знаат за својот идентитет. Поради терористичкиот напад во Ерусалим младиот израелско-германски генетски истражувач Еитан паѓа во кома, додека неговата девојка Вахида (американка со арапско потекло) е оставена да ја открие неговата семејна тајна… АКТЕРСКА ЕКИПА КРЕАТИВНА И ТЕХНИЧКА ЕКИПА ДРАМАТУРШКА БЕЛЕШКА АКТЕРСКА ЕКИПА Еитан - Дамјан Цветановски Вахида - Сара КлимоскаЕден - Тина ТрпкоскаЛеа - Звездана Ангеловска Нора - Николина Кујача Етгар - Емил Рубен Давид - Никола Ристановски Вазан - Петре Арсовски Болничарка - Сашка ДимитровскаЛекарка - Драгана Костадиновска КРЕАТИВНА И ТЕХНИЧКА ЕКИПА Преведувач од француски: Калиопа ПетрушевскаСценограф: Бранко ХојникКостимограф: Роза Трајческа-РистовскаДраматург: Јелена МијовиќКомпозитор: Ирена Поповиќ-ДраговиќСоветник по историја: Натали Земон Дејвис Дизајнер на проекции: Милчо Узунов Асистент на сценографот: Илина Ангеловска Извршен продуцент: Виктор Рубен Инспициент: Александар РајковскиСуфлер: Тања ИвановскаУредници на програмскиот каталог: Мила Анѓелковиќ и Ивана ЈарчевскаПреведувач за програмскиот каталог: Марија ДимитриевскаЛектор на каталогот: Тодорка БаловаДизајнер на програмскиот каталог: Димитар ДимитровДизајнер на плакат: Зоран КардулаФотограф: Кире Галевски Технички раководител: Гунтер КубеКоординатор на технички служби: Југослав АцевскиРаководител на маркетинг: Сандра СтојмироваИнженер за светло: Даниела АтанасоваДизајнери на светло: Игор Ѓоргиев и Игор МитревскиСветлооператор: Горјан ТемелкоскиАудиодизајнери на ефекти: Александар Петровски и Стефан МихајловскиТон-мајстор: Александар ПетровскиВидеооператор: Коста ВелковРеквизитери: Соња Крстевска и Боби ГелиќГардеробери: Валентина Чонкова и Скендер БеришаШивачи: Јулијана Дуковска, Билјана Пешевска, Панче СтојменовИзработка на перики: Џули КачаревиќШминкери и фризери: Бранка Пљачковска и Моника ГрковскаМанипуланти на горен и на долен погон: Ивица Урдаревиќ и Васко БојаџискиДекоратери: Павле Кралевски, Зекирија Алим, Неџат Асан, Бурхан Муареми, Ибрахим Рамановски, Хусеин Халили, Нерхан Османовски, Дурмиш Сефер, Саво Ивановски, Васил Мешковски, Дејан Стамчевски и Мартин КитановскиИзведувачи на сценографијата: Татјана Христоска (раководител на работилница), Дарко Базерко (изведувач на сценографијата), Ангел Петровски (вајар), Зоран Миновски (бравар) и Владимир Павлов (бравар) ДРАМАТУРШКА БЕЛЕШКА Тешко е да се опфати оваа драма. Тешко е да се запре, макар и за миг, за да се дефинира, да се формулира и да се ограничи со зборови. Бега од видот, ја менува формата, жанрот, значењето, се лизга низ раце, плива, пливајќи засекува со опашката, потоа полетува и замавнува со крилјата. Недопирлива е, а притоа цело време ја чувствувате на кожата и длабоко под кожата. „Сите сме птици“ е приказна за судбоносната средба меѓу момче и девојка во читалната на една библиотека во Њујорк. Прекрасна љубовна приказна. Но, момчето е Евреин, а девојката е Арапка. И драма за момче кое тргнува на патување за да го реши сомнежот за потеклото на неговиот татко. Или за девојка која си ја најде татковината која со години се обидувала да ја заборави. За идентитетот, за нацијата, за непријателите. За војната, омразата, лагите затворени во картонски кутии. Како лагите да не чекаат прилика да излезат од кутијата. За историјата, за ослободувањето на Евреите од Египет, преминувањето на Црвеното Море и талкањето по пустината. За израелско-палестинскиот конфликт. За холокаустот и вината. Вината што ја носат жртвите и потомците на жртвите и потомците на потомците на жртвите. За тоа како секоја генерација го става товарот на следната. И додава уште еден камен, за да биде уште потешко. За слободата и птиците. За љубовта. За омразата. За љубовта кон непријателот. За границите, ѕидовите, пречките и бездните. За делење, сечење, дробење, распарчување. За заблудите. И предрасудите. За татковците и синовите. За тоа како не знаеме ништо. Ниту за себе ниту за другите. Не се познаваме. За чудата, легендите и митовите. За Ел Вазан, познат како Леон Африканецот, за кој не можеме со сигурност да кажеме дека постоел, а во неговото постоење не се сомневаме. За јазиците кои извираат како реки и се влеваат во морето и повторно се враќаат на изворот. За љубовта. За Богот кој, ако го има, е љубовта. А тоа го забораваме. За данокот што го плаќаме. За Големата експлозија (Биг бенг). И сите големи експлозии што се случија потоа и понатаму продолжуваат да ги полнат насловните страници секој ден - експлозијата во Бејрут, големата експлозија на Кримскиот мост, на мостот „Аленби“ што ги поврзува Израел и Јордан. За експлозиите во нашето маало, на нашата улица. За светот. За животот. За нас. „Сите сме птици“ е лавиринт од емоции, низа неочекувани настани, куп откриени тајни врати и градини, темни ходници и пукнатини низ кои влегува светлината. Неограничена со простор и време, се простира на четири континенти: Америка, Европа, Азија и Африка, и патува низ вековите. Границите и ѕидовите во кои удираат ликовите од оваа драма ги изградиле луѓе слични на нив, луѓе слични на нас. Во 2006 година, на аеродромот во Торонто се сретнале Важди Муавад, идниот писател на драмата „Сите сме птици“, и американската историчарка и писателка Натали Земон Дејвис (Natalie Zemon Davis). Натали фасцинирана од судбината на Хасан ел Вазан напишала биографска книга за него (Trickster Travels: A sixteenth Century Muslim between Worlds), која е објавена во Америка во 2006 година, а во Франција во 2014 година. Земон Дејвис, на таа аеродромска средба помеѓу два летови, му предложила на Важди Муавад да напише драма базирана на нејзината книга за Леон Африканецот. Муавад решил да ја прикаже оваа приказна во драмата преку ликот на Вахида, млада студентка која го истражува Хасан ел Вазан. Тоа е генезата на претставата „Сите сме птици“. Во книгата „Описи на Африка“ на Ел Вазан постои приказна за птицата амфибија. Таа не е толку романтична колку што е кај Важди Муавад. Кај Вазан, птицата за да го избегне плаќањето на данокот, годишната такса што ѝ ја бара Кралот на птиците, одлучува да го изигра Кралот и да избегне да го плати данокот менувајќи го обликот, формата, идентитетот - и станува риба. По една година живеење меѓу рибите, Кралот на рибите одлучува дека е време на птицата амфибија да ѝ наплати данок за престој во неговото кралство. Птицата амфибија потоа повторно станува птица, менувајќи го својот облик и идентитет во зависност од наметот што тој ѝ го наметнува. И меѓу птиците и меѓу рибите, таа стекнува многу пријатели, било да е на небо било да е во море, таа е една од нив. Сликите на амфибиските птици на Ел Вазан лебдат над темниот свет на драмата и, како и самиот Ел Вазан, се собираат да се сретнат со верите и народите. Ги бришат етничките, политичките и верските граници и носат надеж, сон за свет во кој е можно помирување, во кој љубовта може да биде посилна од омразата. Јелена Мијовиќ, драматург