ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА И МЕДИУМИТЕ

 

Во врска со невистинитите наводи и реакции кои се јавија последниве денови за починатата актерка Катерина Крстева, а се поттикнати од пензионираната актерка Стојна Костовска, Македонски народен театар го дава ова известување со цел заштита на угледот на театарот, но и како желба на семејството.

Благодарение на актерката Весна Петрушевска, Македонскиот народен театар беше информиран за влошената здравствена состојба на актерката Катерина Крстева. Матичната куќа веднаш стапи во контакт со семејството и ги превзема сите чекори во однос на подобрување на нејзината состојба во здравствените институции, со постојан контакт со здравствените работници и во координација со семејството. За целиот овој период Кате беше опкружена со грижа од нејзината сестра г-ѓа Јелиќ и најблиски роднини.

За жал, нашата Кате не ја доби битката за живот.

Желба на семејството беше последното испраќање да биде во кругот на семејството.  Во јавноста беше изнесено дека Стојна Костовска била во постојан контакт со Катерина Крстева во последниот период. Семејството тврди дека првиот контакт и запознавање со Костовска се случил на погребот.

Македонскиот народен театар во договор со г-ѓа Јелиќ – сестрата на Катерина Крстева, ја организира отворената комеморација која ќе се случи на 12 јануари (четврток) во 12:00 часот во МНТ.

Овие изминати три дена, за жал ниту еден медиум не се јави во МНТ да ја слушне и другата страна, со што ја објавуваме реакцијата во координација и одобрување на г-ѓа Јелиќ.

Матичната куќа и семејството на починатата актерка Катерина Крстева ја замолува јавноста да не изнесува понатамошни невистини и да ја оставиме нашата Кате да почива во мир.

РСМ НУ Македонски народен театар

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk