Комеморација во чест на Катерина Крстева (1941 - 2023)
 
РСМ НУ Македонски народен театар известува дека на ден 12 јануари (четврток) во 12:00 часот во објектот на театарот ќе се одржи отворена комеморација во чест на актерката Катерина Крстева, на која семејството, блиските пријатели и познаници ќе ѝ оддадат почит.
Во спомен на Кате - актерка со ведар дух која беше дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија, за последен пат ќе ги споделиме сеќавањата за неа.
Вечен спомен!
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk