МНТ со претставата „Кец на десетка“ ќе гостува во рамките на манифестацијата Струмица, „Град на културата“ за 2021 година

Претставата „Кец на десетка“ по текст на Митко Бојаџиски, во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, а во продукција на Македонскиот народен театар ќе гостува во рамките на манифестацијата — Струмица, „Град на културата“ за 2021 година.

Изведбата на претставата е закажана за 12 јуни со почеток во 20:00 и ќе биде одиграна на сцената во Домот на културата „Антон Панов“, Струмица.

Претставата е комедија со спонтан хумор кој брзо ја освојува публиката. Текстот има едноставна мисија да ја воведе публиката во хумористичното дејство на претставата кое се одвива во едно сосема нормално семејство што ќе се собере за да го запознае идниот зет, при што ситуациите и околностите ги наведуваат ликовите во поинаква насока.

Во претставата играат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Софиа Насевска-Трифуновска и Ивица Димитријевиќ.

Срдечно,

РСМ НУ Македонски народен театар

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk