Најава за онлајн прес-конференција

Ви ја најавуваме првата онлајн прес-конференција која можете да ја проследите во живо на 22 јануари (петок) со почеток во 12:00 часот, на официјалната фејсбук-страница и на јутјуб-каналот на МНТ.

На прес-конференцијата ќе биде најавен најновиот проект „Патиштата на хероите“, проект чиј носител е Македонскиот народен театар, а финансиски поддржан од „Креативна Европа“, програма во рамките на Европската Унија.

Станува збор за комплексен проект со времетраење од две и пол години, чиј почеток се очекува во февруари 2021 година. Покрај МНТ како главен партнер, во проектот се вклучени уште 6 организации од кои 5 партнерски земји: Италија (Ла Драматурџи), Грција (Лооп Амке), Босна и Херцеговина (Студио Театар), Словенија (Институт за театарска игра) и Србија (Ехо Анимато) и една од Македонија (Издавачка куќа Гаврош).
Како финален производ на проектот, во 2022 година, ќе биде премиерата на копродукцијата „Народен непријател“ на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ во која ќе учествуваат автори од сите партнерски земји, а во изведба на актери од ансамблот на МНТ.

@CreativeEuropeEU @TheWaysOfTheHeroes
 #TheWaysOfTheHeroes #WoH #CreativeEurope

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk