Прва читачка проба за претставата „ИВАНОВ“
Во Македонскиот народен театар – Скопје започнаа пробите за новата претстава „ИВАНОВ“, по текстот на А. П. Чехов, преводот од руски јазик го направи Драгица Најческа, а адаптацијата и режијата се на Зоја Бузалковска.
Во претставата ќе играат: Благој Веселинов, Драгана Костадиновска, Оливер Митковски, Ѓорѓи Јолевски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Григор Јовановски, Нина Деан, Александар Ѓорѓиески, Александар Михајловски, Николина Кујача, Ивица Димитријевиќ и Мартин Ѓоргоски.

Сценографијата е на Зоја Бузалковска, Илина Ангеловска и Тодор Дајевски, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, музиката е на Давид Ангелевски. Вертикално движење и обезбедување при движење на карпа е на Александар Зарапчиев, а физичките вежби и движења се на Нина Деан.

На сцената на Македонскиот театар од авторот А. П. Чехов до сега се поставени драмите: „Галеб“ (1960, 1990 и 2018), „Три сестри“ (1970), „Иванов“ (1984), „Вишновата градина“ (1997 и 2010), „Малиот човек“ (2004), „Вујко Вања“ (2015).
Ова е четврта претстава која Бузалковска ја поставува во МНТ - по „Песочна сложувалка“ (1999), „Вујко Вања“ (2015) и „Квартет“ (2016).

Премиерата се очекува во текот на мај. 

РСМ НУ Македонски народен театар
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk