Сертификатот за општествена одговорност IASS - RES.C: 2020 - 2022, доделен на РСМ НУ МНТ
РСМ НУ Македонски народен театар го доби Сертификатот за општествена одговорност IASS - RES.C: 2020 - 2022, издаден и доделен од страна на ИАСС, здружение за истражување, анализа, стандардизација и сертификација.
Голема благодарност до ИАСС што ги препозна вистинските вредности и квалитет на нашата институција.
Да се биде општествено одговорен тоа е грижа за вработените, хуманост, грижа за животната средина, посветеност во работата и напредок во општеството.
Сертификатот е само уште една потврда за успешната работа на МНТ и поттик за достигнување на уште поголеми успеси во работењето.
Општествено одговорни, тоа е обврска на сите нас!