Трибина „Македонскиот драмски автор на сцената на МНТ

Почитувани,

РСМ НУ Македонски народен театар - Скопје има чест да Ве покани на трибината „Македонскиот драмски автор на сцената на МНТ“. Настанот ќе се оддржи на 03 април 2023, понеделник, во 12:00 часот на малата сцена на Македонскиот народен театар - Скопје, по повод 78 години од првата премиера на театарот.

Модератор на трибината е проф д-р Ана Стојаноска, а за значењето на драмскиот автор ќе говорат и самите автори Јордан Плевнеш, Русомир Богдановски, Дејан Дуковски, Блаже Миневски и Сашо Димоски, чии драмски текстови се поставени во МНТ, како и Бранко Ставрев, кој е режисер на најмногу претстави од македонски автори во МНТ.

На сцената на МНТ од самите почетоци (третата поставена претстава е Чорбаџи Теодос, премиера: 16.08.1945 година) до денес постојано се поставуваат дела од македонски автори. Од досега над 400 поставени/обновени претстави, над 100 се дела на македонски автори од различни генерации. Целта на оваа трибина е да се прикажат авторите од различни генерации чии дела, во континуитет, постојано се прикажуваат на сцената на театарот. Тоа се меѓу останатите Војдан Чернодрински, Антон Панов, Ристо Крле, Васил Иљоски, Живко Чинго, Коле Чашуле, Богомил Ѓузел, Русомир Богдановски, Сашко Насев, Горан Стефановски и други.

 

Со почит,

РСМ НУ Македонски народен театар

 
 
 
 
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk