Репертоар

ЧИПОЛИНО

Сабота, 10 Јуни 2023 | 19:00
ПЛАКАТ ЧИПОЛИНО МНТ.jpgПродукција: Bullfrogs Ballet Production
Кореографија: Александра Никифоровски, според Хајнрик Мајоров
Асистенти на кореографија: Елена Митевска, Ева Џингова, Ана Марија Миланова, Кристина Димовска, Јана Трпковска, Бистра Младеновска, Ангелина Беличевска
Музика: Карен Качатуриан
Актерска игра: Бојан Лазаров
Дизајн на костим: според костимите на С. Лехт
Изработка на костим: Студио Фазиле Халили, Milk Performance, Ланос Текс, Светлана Велковска – Карибу, Лила Вукадиновска, Hylia Rustemi, Снежана Трајчевска, Ивона Спасовска, Боби Јованов, Ирена Ивановска
Дизајн на шминка: Снежана Ангеловска Живковска
Дизајн на фризура: Адела Сали
Дизајн на капи: Јоана Лекиќ, Адела Сали
Дизајн на светло: Кристина Димовска, Александра Никифоровски
Дизајн на плакат: Јоана Лекиќ, Ева Џингова
Дизајн на проекции: Јоана Лекиќ
Изведба на сценографија: Крсто Донев, Весна Коминек
Креативен тим: Мишо Савиќевиќ, Ангелина Беличевска, Ана Марија Миланова, Ева Џингова, Александра Никифоворски, Јоана Лекиќ, Кристина Димовска, Марија Христовска, Сандра Урошевска, Марија Роглева, Бојана Иванова, Магдалена Ристовска
Премиерна изведба: Сабота, 10 јуни 2023
Пауза: Да Сцена: Голема
 

 

За балетот „Чиполино“
„Чиполино“, или „Момчето кромид“ е балет создаден по мотивите на бајките на Џани Родари, кој ја раскажува приказната граѓаните зеленчуци и моќните владетели овошки во кралството Градина. Главната тема која се обработува се неправдите кон помалку моќните и важноста на пријателството во тешки периоди. Приказната е вистински приказ за важните вредности во животот - тимски дух, пријателство, меѓусебно помагање, верба и борба за правда. Иако балетот е првично создаден за млади, сепак изобилува со сериозна кореографија од класичниот балет.
 
Прв Чин
На бајковитиот плоштад се се чини тивко и како да има само корпи со зеленчук и овошје. Но, всушност тоа се големи и мали куќи во кои живеат овошја и зеленчуци кои многу личат на луѓе.
Семејството на ротквиците се запознава со семејството на кромидот (Чиполино). Мајката Чипола и таткото Чиполоне се обидуваат да се справат со непослушниот Чиполино кој е уморен да ја чува својата помала сестра Чиполета. Мајсторот Грозје ги поправа чевлите. Стариот господино Тиква бара цигли за да си изгради куќа. Професорката Морков свири на виолина и сите граѓани на градот танцуваат. Одеднаш, на плоштадот се појавува Сењор Домат и ја најавува посетата на Принц Лимон кој сака да разговара со граѓаните. Принцот Лимон штотуку издадал нов Закон: сонцето, ветрот и дождот мора да се платат. Зеленчуците и овошјата се огорчени и бесни.
Во гужвата, Чиполино ненамерно стапнува на ногата на Принц Лимон. Чуварите се револтирани, Принцот е навреден - „бунтовникот“ мора да биде казнет. Но, Чиполино исчезнува и чуварите го апсат неговиот татко, стариот Чиполоне. Чиполино тагува, но и другите семејства имаат проблеми. Господин Тиква сам не може да изгради куќа, па Чиполино ги обединува сите за да му помогнат. Штом куќата е изградена, се појавува Сењор Домат. Тој речиси пука од гнев: куќата на господин Тиква е изградена на земјата на грофиците Цреши, земја која никој не може да ја користи. Стражата на Принц Лимон ја уништува куќата, а господин Тиква е очаен. Чиполино се подготвува за одмазда.

 

Втор Чин
Чиполино и неговата пријателка Ротквица одат во палатата за да го најдат местото каде што се чува стариот Чиполоне. На патот го среќаваат младиот гроф Цреша кој е многу осамен во палатата и започнуваат да го дружат. Обидувајќи се да го пронајдат затворениот Чиполоне, тие за малку ќе бидат фатени од Сењор Домат, но успеваат да побегнат.
Грофиците Цреши приредуваат гозба во чест на Принц Лимон. Додека сите се зафатени со танцување, тројцата пријатели успеваат да го ослободат Чиполоне. Лимоновата војска и полицијата трагаат по избеганите. Додека Чиполино ги крие татко му и Ротквица, го апсат.
Во градините на палатата, грофот Цреша ја среќава Магнолија и заедно го наоѓаат затворениот Чиполино и го ослободуваат.
Принц Лимон доаѓа во затворот да го казни „бунтовникот“, но не го наоѓа. Разбеснетиот Принц наредува да се пука со топот кон жителите на градот, но Чиполино и неговите пријатели успеваат да го турнат принцот во топот. Кога чадот ќе се спушти, го нема ниту Принц Лимон, ниту топот, ниту стражарите. Оттука па натаму, сите среќно живеат во градот од бајките. Ќе има нов град под ведро сино небо - град на пријатели!

 

ГЛАВНИ УЛОГИ
Чиполино: Елена Василевска
Ротквица: Viola Imeri
Татко Чиполоне: Елени Трпковска
Мајка Чипола: Бистра Младеновска
Сестра Чиполета: Софија Христовска
Татко Ротквица: Ангелина Беличевска
Мајка Ротквица: Јана Трпковска
Брат Ротквица: Ева Џингова
Сењор Домат: Бојан Лазаревски
Принц Лимон: Александра Никифоровски
Девојчиња: Каја Илиевска, Ева Радуловиќ, Вања Поп Тонева, Јана Ацковска
Момчиња: Јана Беќарски, Андреа Стојковиќ, Ивана Илијевска, Елена Иванова, Елени Трпковска
Гроф Цреша: Тодор Стојанов
Грофици Цреши: Бистра Младеновска, Јана Трпковска
Магнолија: Бистра Младеновска
Кактус: Ева Џингова
Господин Тиква: Софија Пановска
Виолинистка Морков: Софија Трајковска
Церемонијален Мајстор: Тодор Стојанов
Мајстор Грозје: Исидора Јовановска
Полиција: Ана Марија Миланова, Илин Јовановски, Бранко Атанасов, Енџи Николоска
Оркестар: Бистра Младеновска, Ангела Богатинова, Илијана Данилов, Мартина Цветановска
Цветови: Јана Трпковска, Ангела Богатинова, Илијана Данилов, Мартина Цветановска
 

АНСАМБЛ

Цвеќиња: Аксел Белковски, Ана Кузмановска, Бина Крстевска, Camila Mei Ishitani Sandri, Charlotte Rei Ishitani Sandri, Дарија Стојановска, Дафне Кипровска, Зои Коцевска, Зоја Ковачевиќ, Ирис Бојаџиева, Јана Стојаноска, Јоана Ленчевска, Каја Радески, Каја Савиќ, Калина Ѓорѓиева, Лена Кајевска, Марија Риа Николовска, Марија Гаврилова, Неда Поповска, Norina Imeri, Теа Цоневска, Филипа Илијоска, Цеце Стојаноска
Тикви: Дуња Никифоровски, Ева Илиевска, Јана Маневска, Јована Ефтимова, Кира Самак, Лили Самак, Михаела Маџаров, Надја Иљов, Сара Андреевска, Тамара Радески, Тина Трпевска
Грозја: Аника Поповска Црнобрња, Веда Цонева, Елиза Ѓокиќ, Ема Блажевска, Ема Трпковска, Ива Рендевска, Ирис Сотировска, Кира Петрески, Liza Mehmeti, Лина Филиповска, Теодора Трпчевска
Моркови: Андреа Ивановска, Бисера Тодоровска, Искра Наумовска, Каја Ковачевиќ, Моника Давчева, Нала Вердел, Надја Младенов, Нина Давчевска, Христина Дервенџи
Војници: Дарија Константиновиќ, Ива Искреновиќ, Илина Ефремов, Јана Крстевска ,Кристина Пижевска Лара Аркадија, Лука Петковски, Мила Миланова, Мила Чапароска, Михаела Илиевска, Сузи Евросимовска

ЗА БУЛФРОГС БАЛЕТ

Булфрогс Балет Продукција

Основана во 2009 година, Булфрогс Балет Продукција 14 години континуирано и успешно спроведува балетски програми за деца и млади, како и целосни продукции од областа на изведбените уметности, според светски стандарди. Булфрогс Балет продукција до сега има реализрано девет балетски продукции со преку 30 изведби и репризи во театрите во Скопје, три театарски продукции, еден документарен филм, бројни годишни рецитали и други културно-уметнички изведби и настани. Покрај големи продукциски проекти, продукцијата спроведува и помали проекти од областа на културата и уметноста.

Училиштето Булфрогс Балет, како интегрален дел на продкуцијата, спроведува високо квалитетна балетска настава за деца и млади по наставната програма „Ваганова”, поделена на предбалетско, основно и средно ниво на образование. Во своето повеќегодишно постоење, во училиштето се едуцирани преку 1000 ученици.

Александра Никифоровски

Александра Никифоровски ја поставува и адаптира кореографијата на Чиполино според оригиналната кореографија на Хајнрик Мајоров. Александра има долгогодишно искуство како балетски педагог и кореограф. Нејзиното кореографско портфолио ги вклучува балетите „И жената знае да вози“, „Аметист“, „Тесеракт“, „Моите песни, моите соништа“, „Ени“, „Тарантела“, „Лебедово езеро“, „Сон на летната ноќ“, „Танц на кадетите“. Александра е сертифициран предавач за техниката за балетски развој (ПБТ) и е магистрант на Факултетот за музичка уметност - отсек балетска педагогија.

Ништо не може да го промени нашиот свет!

Балетска претстава
  • Локација
    Голема сцена
  • Времетраење
    минути
  • Изведбата е
    со пауза
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk