Џон Бојн
Режисер: Владимир Јованоски
Продуцент: Зоран Јованоски
Премиерна изведба: 25 септември 2023
Времетраење: 75 минути
Пауза: Не
Сцена: Голема
Актерска екипа:
Бруно: Никола Стојановски
Франц Вајсман: Владимир Јованоски
Елса Вајсман: Мелиса Ценовска-Серафимовска
Јоди: Клара Настова
Павел: Зоран Јованоски
Гунтер: Марко Ристоски
Гретел: Меланија Серафимовска
Евреи: Матеј Печеновиќ, Ивана Давидовска, Сандра Ристоска, Михаела Матеска
Креативна и техничка екипа:
Инженер за светло: Даниела Атанасова
Костимограф: Демирали Рамани
Сценограф: Жарко Настов
Продуцент: Зоран Јованоски
Дизајнер на плакат: Александар Павловски
Фотограф: Глигор Кондовски
Шминка: Ивона Здравкоска
Опис:
„Сегашноста никогаш не му простува на минатото“.
Во светло на сè поизразени општествени појави кои имаат негативен импакт врз историските вистини и се обидуваат да фрлат сенка врз новите генерации кои не биле сведок на деструктивната идеологија на фашизмот, ксенофобијата и расизмот, „Момчето во пругасти пижами“ се обидува да застане на браникот на колективната меморија. Ова е слика за војната како феномен и нејзините ужаси низ призма на интензивен психолошки судир на архетипни карактери кај едно нацистичко семејство.
Драматуршка белешка
Сижето на претставата е комлицираниот однос меѓу главата на семејството, нацистичкиот офицер Франц Вајсман, неговата сопруга и синот, растргнати помеѓу длабоко скриените брачни тајни, љубовта кон семејството и обврските кон тоталитарниот систем во кој живеат. Дејствието отсликува невино и несфатено пријателство меѓу синот на командантот на концентрациониот логор некаде во Полска и дете на негова возраст но од спротивната страна на бодликавата жица. Судирот на архетипните особини на таткото и мајката, едниот во обид да го профилира своето дете низ матрицата на расистичката идеологија, а другиот да му пружи детство како што доликува, кулминира со излегување на површина на добро криената семејна тајна. Од друга страна, кармата е незапирлива и најчесто удира таму каде што е најболно. Ова се отсликува преку трагедијата која се случува како резултат на сè уште некорумпираната свест и чистота на синот.
Претставата е потсетник дека „сегашноста никогаш не му простува на минатото“.