Промоција на книгата  „Иванов 1887/1889: две верзии“ , А. Чехов

Во вторник, на 2 април, во фоајето на Македонскиот народен театар, со почеток во 19:00 часот, ќе биде промовирана книгата  „Иванов 1887/1889: две верзии“, А.Чехов
Покрај главниот уредник - Зоја Бузалковска, како главни промотери ќе зборуваат и Драгица Најческа - преведувачката на книгата, Ѓорѓи Јолевски - актер и Гоце Смилевски - писател, а издавач е РСМ НУ Македонски народен театар.
Со ова драгоцено издание на „Иванов", комедијата од 1887 година, и „Иванов“, драмата од 1889 година, во одличниот, лесно читлив, но и изговорлив превод на Драгица Најческа, многу нови, идни постановки и драматуршко-режисерски читања на оваа пиеса стануваат возможни и веројатни. Изданието, бездруго, ќе иницира и понатамошни анализи на драматуршката постапка во правењето
суштински промени на еден, кон крајот на XIX век навидум кревок, a денес толку поставуван, игран, посакуван, секогаш одново актуелен, многуслоен драмски материјал.

По промоцијата ќе следи потпишување на книгата, како и изведба на претставата „Иванов“ во режија на Зоја Бузалковска.
Билетите за изведбата на претставата се пуштени во продажба.

Ве очекуваме!
РСМ НУ Македонски народен театар

 
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk