4 Декември 2023
Поради настанот коj длабоко ја потресе целата јавност, РСМ НУ Македонскиот народен театар сочувствува со семејствата на починатите и ги откажува изведбите на претставата ,,Кец на десетка“ закажана за 4.12.2023 г. и претставата ,,Животот е прекрасен“ со датум на изведба 5.12.2023 г.
24 Ноември 2023
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, врз основа на член 4 став 1 од Одлуката за востановување на признанието „УСПЕШНИ МЛАДИ" бр.08-1573/1 од 21.12.2021 година, донесе РЕШЕНИЕ дека актерката Дарја Ризова се избира за „Најдобар млад уметник" за 2022 година. 24.11.2023, Скопје