Текстот е напишан кон почетокот на 70-тите години од минатиот век, со кој авторот стекнува и голема светска слава, бидејќи отворено зборува за љубовните односи меѓу жените. По екранизацијата на филмското платно, текстот е повеќепати поставуван и на светската театарска сцена, а во Македонскиот народен театар се поставува за првпат. Љубовната драма „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ е базирана на целосно и внимателно одбрана женска актерска екипа. Дејството на пиесата се случува во домот на нарцисоидната и позната модна креаторка Петра фон Кант, која ја следи променливата динамика во нејзините односи со другите жени. Приказната на протагонистката Петра е раскажана во пет чина, притоа секој од нив ги прикажува психолошките состојби на главниот лик. Претставата отворено и повеќедимензионално зборува и за тоа како капиталистичкото потрошувачко општество ѝ се заканува дури и на љубовта, без разлика за каква љубов станува збор — партнерска, другарска, родителска... За да ја первертира и да ја доведе до должничко доверителски продукт.
АКТЕРСКА ЕКИПА
Драгана Костадиновска - Петра фон Кант
Сара Анастасовска - Карин Тим
Сашка Димитровска - Сидони фон Гразенаб
Софиа Насевска-Трифуновска - Марлен
Тања Кочовска - Валери фон Кант
Анастасија Аневска - Габриеле фон Кант
КРЕАТИВНА И ТЕХНИЧКА ЕКИПА
Костимограф: Ирина Тошева
Консултант за сценографија: Кристина Божурска
Музиката ја изработи: Јане Трајковски
Дополнителен текст: Кристијан Винклер
Фотограф: Атанас Велковски
Видео монтажер: Мартин Иванов
Дизајнер на плакат: Коста Лазаревски
Инспициент: Александар Рајковски
Светло-мајстори: Игор Ѓеоргиев и Дарко Младеновски
Тон-мајстор: Александар Петровски
Видеооператер: Драган Алексовски
Суфлер: Зорица Благоевска
Реквизитер: Снежана Грнчаревска
Гардеробер: Валентина Чонкова
Шминкери и фризери: Бранка Пљачковска и Моника Грковска