Предупредување
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 983
Објект

МНТ нов објект

Новиот театарски храм, вториот дом на актерите се наоѓа на левиот брег на реката Вардар. Изграден е врз темелите на стариот театар поставени во 1927 година. Покрај основната функција што ја има театарот (драмата), тој воедно сам по себе претставува и музеј со оглед на орнаментиката претставена на ложите. Во внатрешноста е претставен дел од богатото македонско културно наследство кое воедно ќе биде презентирано и преку виртуелниот музеј.

МНТ стар објектИмпресивен момент во театарот е централната скулптурна композиција на петте основоположници на македонскиот театар: Јордан Хаџи Константинов – Џинот, Антон Панов, Ристо Крле, Васил Иљоски и Војдан Чернодрински, која е поставена во централното фоаје на театарот, како и театарскиот перформанс на 9 жениски фигури, претставени во етнo-народни компоненти, а околу нив се претставени свирачи.  Целата композиција е фланкирана со музата на комедијата Талија и музата на трагедијата Мелпомена.

Што се однесува до орнаментиката, големата сала е орнаментирана со фрагменти кои се превземени од археолошки наоди во Македонија, фрагмент од иконостасот во Бигорскиот манастир и црквата Свети Спас во Скопје. На плафонот се претставени најрепрезентативни археолошки артефакти од 6 век п.н.е па се до 6 век од н.е. Во другите делови претставени се музите како заштитнички на уметноста и науката. Тука се претставени значајни мозаици, керамички садови, иконостаси, мермерни плочи итн. Сите тие датираат од 6 век п.н.е па се до 19 век. Најмногу детали се превземени од ранохристијанските капители во Хераклеа и Стоби, мермерните плочи од црквата Света Софија во Охрид, како и единствените и уникатни иконостаси во Македонија изработени од тајфата на Петре Филиповски - Гарката.МНТ стар објект

Театарот е позициониран на вкупна површина од 7.200 метри квадратни, а аудиториумот е поделен на голема сала со вкупно 724 седишта и мала сала наменета за моно драми и камерни претстави со 213 седишта. Македонскиот народен театар ја поседува најмодерната и најсофистицирана техничка опрема во рамките на сценската технологија, движечки платформи, чиги, а целокупната сценска површина е изработена од модуларен тип со двојно дно итн. Акустиката е на завидно ниво. Однадвор театарот го има задржано својот автентичен изглед.

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk