Актерот Тони Михајловски лауреат на 18. МТФ „Св. Јоаким Осоговски“

 

Првенецот на МНТ, Тони Михајловски е лауреат на 18. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, Крива Паланка. По тој повод, на 28 септември во салата на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи свечена академија посветена на познатиот актер.

Повеќе од три децении посветени на актерството, бројни театарски и филмски улоги, како и значајни актерски признанија, го одбележуваат творечкиот пат на уметник со препознатлив сценски сензибилитет, силен темперамент и автентичен актерски израз.

Од театарската сцена до филмското платно, Михајловски со секоја своја интерпретација остава личен белег, градејќи ликови кои ја надминуваат рамката на претставата или филмот и трајно се врежуваат во сеќавањето на публиката.

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk