Театарот „Мастерскаја П. Фоменко” од Москва, на 19 и 20 септември на сцената на МНТ ја претсавува култната претстава „Отровната туника" од Николај Гумиљов во режија на Иван Поповски.
Во ладниот мермерен спокој на константинополскиот дворец на императорот Јустинијан, каде ѕидовите слушаат, а луѓето негуваат молчење; каде внимателните зборови паѓаат како капки вода, ѕвонко разлетувајќи се под камените сводови, а тишината задушува, буквално со густ темјан, се појавува синот на степата, воинот и поет Имр. Неговите страстни говори ја маѓепсуваат принцезата Зоја. Неговите сеќавања ја обеспокојуваат императорката Теодора...
Зачудната егзотика на Гумиљовата пиеса, законитоста и убавината на формата, класицистичката драгоценост на актерските гести и сребреновековната незадржливост на чувствата, се сплеле во претстава за љубовта и љубомората, прекрасни и гибелни, буквално брачна отровна туника.
Билетите се во продажба на продажната мрежа на www.kupikartizase.com, или на билетарницата на Македонскиот народен театар од 05.09.2017