„ЗОКИ ПОКИ“ НА МАЛАТА СЦЕНА НА МНТ
Македонскиот народен театар ве поканува на аматерската претстава „Зоки Поки“, во изведба на Лектирен театар, работена според култното дело на Оливера Николова, а во режија на Тони Михајловски.
Низ игра, хумор и искрени детски доживувања, претставата ги следи авантурите на Зоки и неговите другари, потсетувајќи нè на вредностите на пријателството, љубопитноста и безгрижното детство. Со многу ентузијазам и љубов кон театарот, младите актери од Лектирен театар на сцената носат приказна што ги поврзува генерациите и останува омилена кај публиката од сите возрасти.
13 јуни 2026 година (сабота) во 17:00 часот
Мала сцена, Македонски народен театар
Ве очекуваме заедно да уживаме во магијата на театарот и во незаборавниот свет на „Зоки Поки“!
Режисер: Тони Михајловски
Асистент на режисерот: Благица Трпковска Јоковиќ
Предавач: Тони Михајловски
Предавач: Александар Михајловски
Предавач: Благица Трпковска Јоковиќ
Избор на музика и дизајнер на звук: Стефан Михајловски
Извршен продуцент: Александра Јорева Михајловски
Сценограф: Срѓан Јоковиќ
Костимограф: Александра Јорева Михајловски
Премиера: Сабота 13 јуни
Сцена: Мала
Претставата е наменета детска категорија: 6+
- Stage
Small stage
- Duration
minutes
- Intermission
no intermission