„ПЕТАР ПАН“ НА МАЛАТА СЦЕНА НА МНТ
Македонскиот народен театар ве поканува на аматерската претстава „Петар Пан“, во изведба на Лектирен театар, под режисерската палка на Тони Михајловски.
Инспирирана од безвременската приказна за момчето кое никогаш не пораснува, претставата ги води гледачите во волшебниот свет на Неверленд, каде што фантазијата нема граници, а храброста, пријателството и вербата во соништата се најголемите богатства.
Со многу енергија, креативност и сценска посветеност, младите актери од Лектирен театар оживуваат една од најомилените детски приказни на сите времиња, создавајќи претстава што ќе ги воодушеви и децата и возрасните.
13 јуни 2026 година (сабота) во 18:30 часот
Мала сцена, Македонски народен театар
Ве очекуваме на едно незаборавно патување во светот на авантурите, соништата и детската имагинација!
Режисер: Тони Михајловски
Асистент на режисерот: Благица Трпковска Јоковиќ
Предавач: Тони Михајловски
Предавач: Александар Михајловски
Предавач: Благица Трпковска Јоковиќ
Извршен продуцент: Александра Јорева Михајловски
Избор на музика и дизајнер на звук: Стефан Михајловски
Сценограф: Срѓан Јоковиќ
Костимограф: Александра Јорева Михајловски
Премиера: Сабота 13 јуни
Сцена: Мала
Претставата е наменета детска категорија: 6+
- Stage
Small stage
- Duration
minutes
- Intermission
no intermission