
По огромниот успех на првата Оскаровска Гала вечер минатата година и одличниот прием кај публиката, повторно ве водиме на филмско музичко патување со песни номинирани и наградени со најпрестижната филмска награда, Оскар.
Безвременските филмски хитови ќе ги исполнат реномирани македонски пејачи заедно со Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect и Полифонија, а низ Оскаровските приказни и филмската историја ќе ве води Миланка Рашиќ.
Концертот ќе започне во 20 ч., а посетителите ќе пристигнуваат на Црвениот тепих од 19.30.
Настанот ќе се одржи точно една недела пред 97-та Оскаровска церемонија во Лос Анџелес.
Времетраење 120 мин.
Со пауза од 20 мин.
- Локација
Голема сцена
- Времетраење
120 минути
- Изведбата е
со пауза