ТАНЕЦ - „Чекори што не згаснуваат“- Концерт во чест на Симеон Чулев

 

Петок, 27 Февруари 2026   |    19:30

КУПИ БИЛЕТ ВО ПАРТЕР
слика Симе 1.JPG

 

Велат дека играорците не заминуваат засекогаш, тие само го менуваат ритамот. Симеон не беше само дел од овој ансамбл; тој беше дел од душата на секое оро, секој чекор и секое искрено ‘Аирлија’! зад сцената. Со својата посветеност, ведар дух и неизмерна љубов кон татковината, тој остави трага што времето не може да ја избрише.
Ве покануваме на една незаборавна вечер посветена на ликот и делото на прераното заминување на Симеон Чулев. Под насловот „Чекори што не згаснуваат“, овој настан ќе не поведе низ емотивна музичка ретроспектива и славење на трајните вредности кои тој ги остави зад себе.
  • Датум: 27 февруари 2026 година (петок)
  • Час: 19:30 часот
  • Локација: Македонски народен театар ( МНТ )
Информации за продажба на билети:
  • Билетара на МНТ: Секој работен ден и пред почетокот на настанот.
  • Онлајн продажба: Преку официјалниот систем на влезници на МНТ (mk )
„Уметноста не познава време, а трагите кои се длабоки-никогаш не згаснуваат“
Ве очекуваме!
 

 

  • Локација
    Голема сцена
  • Времетраење
    минути
  • Изведбата е
    без пауза

 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk