Црнила е психолошко-политичка драма што ја разоткрива кревкоста на човековата етика во затворен систем на заговор и идеолошка дисциплина. Во фокусот е ерозијата на индивидуалната совест под притисок на колективниот мит. Наместо херојство, гледаме човечка слабост, но и она што останува од човекот кога идеологијата ќе го проголта. Вистинските „црнила“ не се историски, туку антрополошки: тие се појавуваат таму каде што човекот ја губи способноста да се избори за сопствено мислење и морален избор.
Режисер: Дејан Пројковски
Улоги:
НЕДА – Сара Спиркоска
ИВАН – Бобан Алексоски
МИЛКА – Катерија Чакмакоска-Клинческа
ЛУКОВ – Александар Степанулески
ХРИСТОВ – Александар Тодески
ФЕЗЛИЕВ – Димитар Ѓорѓиевски
МЕТОДИ – Михајло Миленкоски
МЛАДИЧОТ – Илија Волчески
ДЕЦА - Иво Ачански, Ангелина Тодеска, Давид Кочоски, Ива Малинческа
Сценограф: Валентин Светозарев