Едночасовно звучно и визуелно патување низ најновиот музички материјал на дуото Поетроника.
Овие нови, софистицирани звучни таписерии се создадени во соработка со врвни музички уметници со различни жанровски определби: Никола Коџабашија – клавијатури/синтисајзери, Нинослав Спировски – кларинет/саксофон и Надежда Рубен – придружни вокали.
Промоцијата ќе се одржи во живо на реновираната тераса на вториот кат на Македонскиот народен театар.