Дејан Пројковски (1979, Битола), дипломирал и магистрирал театарска режија во Софија на Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија, Бугарија, во класата на проф. Красимир Спасов. Од 2010 г. работи како режисер во Македонски народен театар, Скопје.
Театарски режии
- Мачкина глава (2026), автор: Венко Андоновски, продукција: Драмски театар, Скопје;
- Црнила (2025), во продукција на Народен театар Војдан Чернодрински - Прилеп;
- (Сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“ Made in МNT, 2025), драматизацијата е на: Дејан Пројковски и Андреј Цветановски, продукција: Македонски народен театар;
- Уна (2025), по мотиви на Момо Капор, автор: Стеван Копривица, продукција: Звездара театар, Белград, Србија;
- Алма Малер (2025), автор: Сашо Димоски, продукција: Драмски театар „Стојан Бачваров“, Варна, Бугарија;
- Војна и мир: Приказната на Електра (2025), автор: Сашо Димоски, продукција: 43. Националниот театарски фестивал во Инчеон, Јужна Кореја;
- 2084.REX (2025), автор: Кирил Фокин, продукција: Драма театар, Пловдив, Бугарија;
- Мајка на храброста (2025) продукција: Novosadsko pozorište/Újvidéki Színház, Нови Сад, Србија;
- Ана Карењина (2025), автор: Лав Николаевич Толстој, продукција: Државен театар во Ван, Република Турција;
- Сите најубави нешта (2025) е монодрама работена според мотиви на Данкан МекМилан, продукција: ОХО;
-
Рацин (2024), драматург: Сашо Димоски, продукција: Театар Јордан Хаџи Константинов Џинот, Велес;
- Падот на Масада (2023), автор: Венко Андоновски, продукција: Драмски театар - Скопје;
- Демони (2023), автор: Фјодор Достоевски, продукција: Националниот театар во Дебрецен, Унгарија;
- Нема струја за електричниот стол (2023), автор: Александар Секулов, продукција: Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес;
- Ричард трети (2022), автор: Вилијам Шекспир, продукција: Новосадско позориште - Нови Сад;
- Кротењето на опаката (2022), автор: Вилијам Шекспир, продукција: Градско позориште Подгорица;
- Инферно (2022), според Данте Алигиери, продукција: Театар Јордан Хаџи Константинов Џинот, Велес;
- За нас почнува живот (2022), автор: Ѓерѓ Шпиро, продукција: Драмски театар - Скопје;
- Дон Жуан (2022), автор: Жан Батист Покелен Молиер, продукција: ХНК од Загреб, Р Хрватска;
- Кармен (2021), по мотивите од романот „Пет часа со Марио“ на Мигел Делибес, продукција: Драмски театар - Скопје;
- Дервишот и смртта (2020), автор: Меша Селимовиќ, продукција: Народен театар на Република Српска, Бања Лука, Босна и Херцеговина;
- Браќа Карамазови (2019), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режија и адаптација: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар „Иван Вазов“, Софија, Бугарија;
- Ана Карењина (2019), автор: Лав Николаевич Толстој, продукција: Novosadsko pozorište/Újvidéki Színház, Нови Сад, Србија;
- Орестија (2018), автор: Есхил, продукција: Хрватско народно казалиште, Сплит, Хрватска;
- Буре барут (2018), автор: Дејан Пројковски, продукција: Црногорско народно позоришта, Подгорица, Црна Гора;
- Коцкар (2018), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, продукција: Народен театар – Битола;
- Ромео и Јулија (2017), автор: Вилијам Шекспир, продукција: Национален театар Истанбул, Турција;
- Прометеј (2015), автор: Есхил, продукција: Турски театар, Скопје;
- Опасни врски (2014), автор: Шодерло де Лакло, продукција: театар „Вера Комисаржевскаја“, Сент Петесбург, Русија;
- Многу врева за ништо (2014), автор: Вилијам Шекспир, продукција: НУ Театар Комедија, Скопје;
- Вечната куќа (2013), автор: Јордан Плевнеш, продукција: Македонски народен театар, Скопје;
- Ромео и Јулија (2012), автор: Вилијам Шекспир, копродукција помеѓу Народен театар – Битола и театар „Вера Комисаржевскаја“, Сент Петесбург, Русија;
- Генетика на кучињата (2012), автор: Венко Андоновски, продукција: Драмски театар – Скопје;
- Малограѓанска свадба/Женидба (2012), автор: Бертолд Брехт, продукција: Народен театар - Охрид;
- Опасни врски (2010), автор: Шодерло де Лакло, продукција: Народен театар - Битола;
- Хамлет (2010), автор: Вилијам Шекспир, продукција: Драмски театар – Скопје;
- Печалбари (2010), автор: Антон Панов, продукција: Народен театар – Куманово;
- Последниот ден на Мисирков (2009), продукција: Народен театар „Антон Панов“, Струмица;
- Браќа Карамазови (2009), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, продукција: Народен театар – Битола;
- Далај Лама (2008), автор: Љубиша Георгиевски, продукција: Народен театар – Битола;
- Ромео и Јулија (2008), автор: Вилијам Шекспир, продукција: Турски театар, Скопје;
- Бегалка (2007), автор: Васил Иљоски, режија и адаптција: Дејан Пројковски, продукција: Народен театар – Штип;
- Делириум за двајца (2006), автор: Ежен Јонеско, продукција: Македонски народен театар, Скопје;
- Тартиф (2006), автор: Жан Батист Поклен Молиер, продукција: Турски театар, Скопје;
- Смртта на Дантон (2005) автор: Георг Бихнер, автор и адаптација: Дејан Пројковски, продукција: Народен театар „Антон Панов“, Струмица 2005;
- Црнила (2004), автор: Коле Чашула, продукција: Народен театар – Штип;
- Маме му ебам кој прв почна (2004), автор: Дејан Дуковски, продукција: Народен театар - Битола;
- Гилгамеш (2004), автор: Билјана Пемова, продукција: Турски театар, Скопје;
- Јонадаб (2003), автор: Питер Шефер, продукција: Драмски театар – Скопје;
- Падот на невиноста (2002), автор: Василиј Сигарев, продукција: Драмски театар – Скопје;
- Баханалии (2002), автор: Горан Стефановски, асистент-режисер на Сашо Миленковски, продукција: Народен театар - Битола;
- Грешник (2001), автор: Ерик Емануел Шмит, асистент-режисер на Красимир Спасов, продукција: Народен театар – Битола.
Награди
- Награда за најдобра режија за претставата Црнила, во продукција на Народен театар Војдан Чернодрински - Прилеп, на МТФ „Војдан Чернодриски“ , 2026 г.;
- Меѓународна награда за режија во Истанбул, Р Турција, 2026 г.;
- Награда за најдобра режија на претставата „За нас почнува живот“ на 12. фестивал „Гола месечина“, 2025 г.;
- Претставата „Собирачи на пердуви“ во продукција на Срспско Народно Позориште, во режија на Дејан Пројковски го освои првото место на реномираниот фестивал „Театар во тврдината“ во Смедерево, 2024 г.;
- Претставата „Демони“ од Достоевски поставена во Националниот театар во Дебрецен, Унгарија, во режија на Дејан Пројковски е прогласена за најдобра претстава на сезоната, 2024 г.;
- Меѓународна награда за режија во Истанбул, Р Турција, 2024 г.;
- Награда за најдобра претстава во целина за претставата „Дон Жуан“ од Жан Батист Покелен Молиер, а во продукција на ХНК од Загреб, 2023 г.;
- Награда за најдобра режија за претставата „Ричард трети“ – за цела театарска сезона во Србија, според Belgrade Edt Culture, блог за куктура 2022 г.;
- Најдобра претстава во Црна Гора на „Биенале на Црногорскиот театар“ за претставата „Буре барут“, 2019
- AFIFE- театарскиот оскар за претстава на годината, најголема награда во Турција, за претставата „Ромео и Јулија“, 2018
- Награда за најдобра претстава од најголемото и најпрестижно списание за театарска уметност „Тијатро“ во Турција за претставата „Ромео и Јулија“, 2018
- Награда за најдобра претстава на годината во Хрватска за претставата „Орестија“, 2018
- Награда за најоригинално театарско истражување на фестивалот „Инфант“, Нови Сад, Србија, за претставата „Отело“, 2017
- Наградата за најдобра режија на Фестивалот на меѓународниот алтернативен театар (ФИАТ), Подгорица, Црна Гора за претставата „Хамлет“, 2014
- Наградата за најдобра режија на Фестивалот на меѓународен алтернативен театар (ФИАТ), Подгорица, Црна Гора за претставата „Опасни врски“, 2014
- Награда „13 Ноември”, признание на Градот Скопје за високи уметнички достигнувања, 2014
- Награда за најдобра режија на МТФ „Војдан Чернодрински“ за претставата „Генетика на кучињата“, 2014
- Награда за најдобра режија на МТФ „Војдан Чернодрински“ за претставата „Хамлет“, 2011
- Награда за најдобра режија на Меѓународниот фестивал за античка драма „Стоби“ за претставата „Хамлет“, 2010
- Награда за најдобра претстава на ФКТ „Ристо Шишков“, Струмица за преставата „Последниот ден на Мисирков“
- Награда за најдобра режија на МТФ „Војдан Чернодрински“ за претставата „Бегалка“, 2008
- Награда за најдобра претстава на МТФ „Војдан Чернодрински“ за претставата „Бегалка“, 2008
- Гран при, награда за најдобра претстава „Делириум за двајца“, на Меѓународниот фестивал „Актерот на Европа“ во Ресен, 2009
Режисер на други активности
- Прослава за 20-годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, 2011
- Концерт на маестро Борис Трајанов и Македонската филхармонија, диригент - Fabricio Carminati (Арената во Верона), 2006
- Потрага по гласот – претстава, Идеја плус ДДБ, МНТ, 2006
- Новогодишнен фестивал во Скопје, Македонија, 2006
- Новогодишнен фестивал во Скопје, Македонија, 2005
- МОБИДЕН мулти-просторен настан, Скопје, Македонија, 2004
- Настан на „Орифлеим“, Универзална сала, Скопје, Македонија, 2004
- Новогодишнен фестивал во Скопје, Македонија, 2004
- Новогодишнен фестивал во Скопје, Македонија, 2003
- Отварањето на „Скопско лето“, Скопје, Македонија, 2003
- МОБИДЕН мулти-просторен настан, Скопје, Македонија, 2003
- Настан на „Орифлеим“, Универзална сала, Скопје, Македонија, 2003
Останато
- Од 2010 до 2015 година е уметнички директор, а од 2015 до 2017 година е директор на МНТ
- Вонреден професор е по театарска режија и актерска игра на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Europa Prima.
- Извршен директор е на Меѓународниот театарски фестивал МОТ, од 2006 до 2008 година и уметнички директор од 2008 до 2010 година
- Неговите претстави гостувале на сцените во Италија, Германија, Турција, Франција, Англија, Србија, Хрватска, Полска, Албанија, Црна Гора, Унгарија, Бугарија, Иран, Словенија.
- Дејан Пројковски се потврди како режисер на големи дела од светската класика, создавајќи претстави со специфична естетика и иновативен сценски јазик.

