Премиера во МНТ - „Страв и надеж“
На 22 април, на големата сцена во МНТ премиерно ќе биде изведена претставата „Страв и надеж“ од Франц Ксавер Крец – еден од најзначајните и најизведувани современи германски драмски автори.
Претставата ја потпишува наградуваната белградска режисерка Татјана Мандиќ Ригонат, препознатлива по бескомпромисен и форензички точен театарски јазик.
Крец пишува за емоции, психолошки состојби и парадокси, таму каде што реалното и надреалното се допираат, а човекот се распаѓа тивко, одвнатре.
Со прецизен, на моменти суров, но и духовит и ироничен јазик, Ригонат создава дело кое е психолошки и социолошки портрет и на современиот човек.
Во претставата играат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Сашка Димитровска, Сашко Коцев, Дарја Ризова, Наталија Теодосиевска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.
Адаптација и режија: Татјана Мандиќ Ригонат
Превод: Александар Русјаков
Сценограф: Весна Поповиќ
Костимограф: Роза Трајческа
Композитор: Ирена Поповиќ Драговиќ
Корепетитор и пијано: Зоран Станишиќ
Музички координатор и виолина: Стефан Котевски
Видео дизајн: Јелена Тврдишиќ
Извршни продуценти: Симона Угриновска и Виктор Рубен
Фотограф: Стефан Рајхл
Дизајнер на плакат и програмски каталог: Димитар Димитров
Инспициент: Вукица Александрова
Суфлер: Миро Атанасовски
„Страв и надеж“ е приказна за времето во кое живееме. И за цената што ја плаќаме за да останеме во него.
Подгответе се.
Следните изведби се на 27 и 28 април. Билетите се пуштени во продажба.
Со почит,
РСМ НУ Македонски народен театар

