Три Бубамари за МНТ
Вчеравечер во преполната арена на „Борис Трајковски“ се одржа 28. „Златна Бубамара“ на популарноста на која Македонскиот народен театар доби три награди: најдобра актерка на годината на „Златна Бубамара“ на популарноста за 2024 е Дарја Ризова, најдобар актер на годината на „Златна Бубамара“ на популарноста е првенецот на Македонскиот народен театар, Ѓорѓи Јолевски, а наградата за најдобра претстава за 2024 година падна во рацете на маестралната актерска екипа на „12“, во режија на Синиша Евтимов.

