Авторски тим:
Автор: Д. Бенедек-П. Бела
Режисер: Андраш Урбан
Драматург: Ведрана Божиновиќ
Кореограф: Кристијан Гергеје
Сценограф и костимограф: Адиса Ватреш-Селимовиќ
Музичка соработничка за подготовка на актерите: Лејла Јусиќ
Дизајнер на светло: Моамер Шаковиќ
Дизајнер на плакат: Вранко Векиќ
Фотограф: Велија Хасанбеговиќ
Улоги:
Младоженецот (Роланд) – Сањин Арнаутовиќ
Мајка (Мајка Балоњ) – Амра Капиџиќ
Татко (Имре Балоњ) – Алдин Омеровиќ
Јулика – Санела Крсмановиќ-Бистривода
Невестата (Етелка) – Сара Сексан
Вила – Ведрана Божиновиќ
Фери – Мирвад Куриќ
Шеф на станицата (Балинт) – Санин Милавиќ
Каубоец – Мак Ченгиќ
Музички состав:
Чембало, корепетитор и диригент: Фауд Шетиќ
Виолина I: Амар Беширевиќ
Виолина II: Ајнија Гермиќ
Виолина III: Сара Касап
Контрабас: Растко Зечевиќ
Една од најголемите маки во креативниот процес е да се напише режисерска белешка. Од една страна, човекот мисли дека делата зборуваат самите за себе, а не она што е околу нив. Од друга страна, станува смешно и иритантно кога гледачите — а сега главно мислам на стручната публика — пишуваат свои мисли споредувајќи ги вашите зборови и изјави со она што го виделе. Тие две работи воопшто не се во такво сродство. Ако театарот нуди маркетиншки текст, можеби е подобро да се фокусирате на она што сте го виделе, а не дали и во која мера го наоѓате она што е напишано за претставите.
Секогаш зборувам за човекот, за општеството, за нашите животи. Од една страна, тоа е така. Од друга страна, се занимавам со некои театарски прашања, прашања за изведбите, артикулацијата и создавањето на некој специфичен свет. Селска опера, како музичко-сценско дело, е заснована врз унгарскиот мелос, со својствено самоуништувачко страдање над светот, кое во оваа претстава се трансформира во универзален фолклорен израз и етничко лудило. Урбан вели дека „сите стануваме Унгарци – се радуваме со плачење, тагуваме со смеење“.
Бела Пинтер е еден од ретките независни творци кои успеале да преживеат и во новите услови, кога унгарската независна сцена е речиси збришана. Неговиот театар продолжува да функционира благодарение на поддршката од публиката, а билетите за неговите претстави се распродаваат со неверојатна брзина. Критичен е и поетичен.
Селска опера претставува бласфемија кон операта и кон квази-сериозната уметност, но во исто време ја истражува суштината на универзалните вредности, исто како што тоа го прави големата уметност. Ова дело испраќа силна порака во време кога етничкото се претставува како есенција на националниот идентитет, а националниот или верскиот идентитет како врховна вредност, само тоа го прави на свој начин, слободоумен и немистификуван, кажувајќи ја вистината, смеејќи се на другите и на себе. Дали сме лицемерни? Дали нашето општество е лицемерно? Да. Ги криеме ли гревовите од минатото? Ги криеме. Дали ги оптоваруваме сите идни генерации? Да. Дали се мразиме? Мразиме. Дали сме несреќни? Да. Дали е проблем да зборуваме за нашата несреќа? Проблем е. Дали се нашето општество, влада, политика, државна и општествена инфраструктура промискуитетни, инцестоидни? Да. Кога гледаме на сé околу нас и се соочуваме со нештата, дали на врв на јазик ни доаѓа реченицата: „Мајко, мила мајко, зошто ме роди?“ Да, ни доаѓа.
- Локација
Голема сцена
- Времетраење
70 минути
- Изведбата е
без пауза