Види како Локрум мие заби
Ивана Ловриќ Јовиќ
Копродукција на Театарот „Марин Држиќ“ и Дубровничките летни игри
„Види како Локрум ги мие забите“ е претстава создадена според драматизација на истоимениот роман на хрватската научничка и писателка Ивана Ловриќ Јовиќ.
Сите настани и ликови во оваа претстава би можеле да бидат измислени, но сепак, таа се случува - се случува во главата на главната протагонистка ноќта кога дознава дека го изгубила својот татко, помеѓу 23:20 и 3:20 часот, помеѓу моментот кога ја прима трагичната вест и неизбежното соочување со трагичната вистина.
Се обидовме да се запрашаме што сè се случува (или не се случува) во нечија глава во тие мигови. Дали личноста веќе е обземена од бескрајна тага или е (само) запрепастена од сознанието дека го изгубила родителот? Со какви сè бесмислици нашиот мозок се брани во тие моменти и кого и зошто го повикува на помош, кому и на кој начин му се обраќа?
Мама - тоа е првиот збор што детето го изговара. Мама - првиот збор што го кажуваш кога ти е најтешко (дури и кога мислиш дека татко ти е алфа и омега за твоето постоење).
Низ четири генерации жени од едно семејство се обидуваме да дознаеме зошто е тоа така, се обидуваме да ги уловиме недопирливите спомени, се обидуваме да зборуваме за „носталгијата по светот што сè уште постои само во сеќавањата“...
Маријана Фумиќ
Благодарност до Музејот на Татковинската војна - Дубровник за отстапените фотографии што се користат во претставата.
Во претставата, покрај авторската музика на Жарко Драгојевиќ, се користи и музика во аранжмани на Бојан Берибака: „L’italiano“ (Т. Котуњо), „Meraviglioso“ (Д. Модуњо/Р. Пацаља), „Nel blu, dipinto di blu“ (Д. Модуњо/Ф. Миљачи), „Piove“ (Д. Модуњо/Е. Верде), „Resta cu’mme“ (Д. Модуњо/Д. Верде), „ES“ (И. Монтоја).
Претставата оствари бројни гостувања, како во Хрватска, така и во странство.
Гостувања
Хрватска: Вировитица (Фестивал „Виркас“), ИНК Пула, Дом на културата „Кристална коцка ведрина“ - Сисак (Фестивал „Пролог“), Градски куклен младински театар - Сплит, Градски театар Пожега, Хрватски народен театар -Осиек („Крлежини денови“), Хварски театар, Хрватски народен театар - Задар.
Босна и Херцеговина: Народен театар Сараево
Црна Гора: Црногорски народен театар - Подгорица, Херцег Нови (Фестивал ХАПС), Зетски дом - Цетиње, Центар за култура - Тиват
Турција: Бурса (Фестивал на балкански театри) и Истанбул (Културен центар „Ататурк“)
Драматизација: Маријана Фумиќ
Режисер: Паоло Тишљариќ
Сценограф: Весна Режиќ
Костимограф: Ана Микулиќ
Дизајнер на светло: Марко Мијатовиќ
Композитор и дизајнер на тон: Жарко Драгојевиќ
Дизајнер на видео проекции: Миран Браутовиќ
Асистент на сценографот: Николина Кузмиќ
Асистент на костимографот: Петра Андриќ
Соработник за музика и обработка на музичките нумери за гитара: Бојан Берибака
Фотограф: Аљоша Ребољ
Инспициент: Анита Бубало
Играат:
Антица - Марија Шегвиќ / Ирена Тереза Прпиќ
Лунета/е, нејзината мајка - Сандра Лончариќ
Ана, нејзината баба - Миреј Станиќ
Нуша, нејзината ќерка - Ања Ѓуриновиќ
Хор - Перица Мартиновиќ, Ника Ласиќ, Борис Матиќ и Бојан Берибака
Гостување од КМД - Дубровник
- Локација
Голема сцена
- Времетраење
минути
- Изведбата е
без пауза