Денеска, во големата сала на Општина Крива Паланка, свечено беше доделено високото признание „Лауреат“ на 17. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ на истакнатиот уметник и првенец на МНТ — Игор Џамбазов. Ова значајно признание е израз на длабока почит кон неговиот исклучителен придонес во развојот на македонскиот театар, инспиративното творештво и длабокото културно влијание што го остави и сè уште го остава врз сцената и публиката.
Честитки за безвременскиот уметник чиешто име е синоним за харизма, талент и автентичност. Игор Џамбазов — личност што остава траен белег во историјата на македонската култура.

