Во просториите на Македонскиот народен театар се одржа петдневна работилница посветена на аудиовизуелното и сценско создавање претстава, со фокус на светло и тон. Работилницата се реализираше преку дијалошки пристап, практична работа и активности, со цел учесниците да стекнат конкретни вештини и искуства во процесот на сценско создавање. Целите и содржината на работилницата беа насочени кон процесот на создавање сценска претстава, техничките аспекти на продукцијата: светло, тон и визуелен дизајн и практична примена преку демонстрации. Предавачите од Финска: Јари Јуутинен, режисер, Теему Нурмелин, дизајнер на светло, видео и сценографија и Виле МЈ Хивонен, аудиовизуелен дизајнер, музички продуцент и кинематограф, преку внимателно структуирана програма на професионалните учесници, низ дискусии и демонстрации, се фокусираа на дизајн на тон, предавања и демонстрации со акцент на дизајнот на светло, креирање сцени и финална демонстрација на резултатите во студио или театарски простор. Учесниците имаа можност да работат индивидуално и во мали групи што овозможи флексибилен и персонализиран пристап. Оваа работилница даде одлична можност за професионалци од областа на театарот, визуелните уметности и продукцијата, кои сакаа да ги продлабочат своето знаење и вештини во комбинирање на светло, звук и наратив во сценска форма.
Фотограф: Емил Петро

