Македонскиот народен театар со претставата „12“ на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
Македонскиот народен театар со претставата „12“, по мотиви на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов, на 6 јуни го отвора 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Официјалната фестивалска програма, под слоганот „Смеј се и осмели се!“ ќе почне од 6 и ќе трае до 16 јуни 2025 година. Во претставата игра извонредната актерска екипа што ги освои домашниот и меѓународниот аудиториум: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви/Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев. Исто така, традиционално во рамките на фестивалот ќе се додели и наградата за животно дело на актерката Снежана Коневски-Руси, легендата на македонскиот театар, филм и култура, која повеќе од пет децении е дел од театарскиот филмски репертоар во земјава, а својата уметничка кариера ја помина токму во Македонскиот народен театар.

