ПОКАНА ЗА КОМЕМОРАЦИЈА

ПОКАНА ЗА КОМЕМОРАЦИЈА

во чест на актерот Кирил Поп Христов – Кили

Почитувани,

Македонскиот народен театар ве поканува на комеморација во спомен на истакнатиот актер Кирил Поп Христов – Кили, која ќе се одржи на 18 март (среда) во 11 часот, на големата сцена во Македонскиот народен театар.

На комеморацијата, семејството, колегите, пријателите и почитувачите на неговото дело ќе имаат можност да се простат и да му оддадат почит на уметникот, кој со својата силна сценска појава, искреност, духовитост и препознатлив актерски дух остави длабока трага во македонската театарска уметност и култура.

Кирил Поп Христов – Кили ќе остане запаметен како актер со автентична енергија, ведар дух и големо срце, како колега кој несебично ја споделуваше љубовта кон театарот.

Неговиот уметнички придонес и човечност ќе останат трајно врежани во културната меморија.

Со почит,

Тимот на Македонскиот народен театар

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk