Нина Николиќ

Нина Николиќ е родена 1987 г. во Скопје. Дипломира театарска режија на Факултетот за драмски уметности – Скопје во 2010 г., во класата на проф. Слободан Унковски, каде и магистрирала во 2014 г. Дипломира и француски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет Блаже Конески на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Во 2021 г. докторира на ФДУ, Скопје. Од 2012 до 2018 г. е член на уметничкиот совет на фестивалот МОТ, а од 2018 г. член на управниот одбор во Македонски народен театар. Од 2014 г. работи во Македонски народен театар – Скопје. 

Театарски режии

  • Бакхи: Агава (2022), сопоред Еврипид и Тамара Барачков, режисер: Нина Николиќ, во продукција на Перипетија продукција - Скопје во копродукција со Македонскиот народен театар и Градски театар од Јанина, Р Грција;
  • Народен непријател (2022), автор: Хенрик Избен, финален продукт од комплексниот проект „Патиштата на хероите“;
  • Нема да биде крај на светот (2021), автор: Аднан Лугониќ, режисер: Нина Николиќ, во продукција на Перипетија продукција - Скопје во копродукција со Македонскиот народен театар и Сараевскиот ратни театар - САРТР;
  • Отело (2019), автор: Вилијам Шекспир, копродукција помеѓу: Перипетија, Македонски народен театар и Босанско народно позориште, Зеница;
  • Галеб (2018), автор: Антон Павлович Чехов, продукција: Македонски народен театар –Скопје;
  • Буре барут (2018), автор: Дејан Дуковски, продукција: Босанско народно позориште, Зеница;
  • Белградска трилогија (2017), автор: Биљана Србљановиќ, продукција: „Перипетија“ – Скопје;
  • Разговори во четири очи (2015), автор: Ингмар Бергман, копродукција помеѓу: Скопје Филм Студио и Македонски народен театар – Скопје;
  • Кој пукаше на 21ви? (2014), според Луда Шума на Керил Черчил, продукција: Младинскиот културен центар – Скопје;
  • Евридика (2013), автор: Сара Рул, продукција: Драмски театар – Скопје;
  • Пеликан (2012), автор: Август Стринберг, продукција: Шведска Амбасада и Факултетот за драмски уметности – Скопје;
  • Секс, лаги и диви гуски (2012), според: Олд Сејбрук на Вуди Ален, копроукција: Круг и Младинскиот културен центар – Скопје;
  • Пинокио и Црвенкапа во потрага за Аладиновата ламба (2011), автор: Драгана Лукан Николоски, продукција: НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово;
  • Треперење (2011), автор и драматург: Драгана Лукан Николоски, продукција: Скопје Филм Студио – Скопје и Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес;
  • Луди за љубов (2010), автор: Сем Шепард, продукција: Младински културен центар – Скопје;
  • Неверство (2010), автор: Харолд Пинтер, продукција: Културен центар ЦК – Скопје;
  • Волшебникот од Оз, (2010), автор: Лиман Фрeнк Баум, продукција: Културен центар ЦК – Скопје;
  • No Norms No Rules (2010), концепт и режија: Нина Николиќ, продукција: ЦДУ Т-ХАУС и Културен центар ЦК - „Неверство“;
  • Заспани (2009), автор: Антон Павлович Чехов, продукција: Факултет за драмски уметности – Скопје;
  • Стаклена менанжерија (2008), автор: Тенеси Вилијамс.

Фестивали и гостувања

  • Македонскиот народен театар со претставата „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, а во режија на Нина Николиќ во 2020 г. зема учество на 20. уметнички фестивал „Средба во Пекинг“ - Народна Република Кина;
  • Претставата "Отело" од Вилијам Шекспир, а во режија на Нина Николиќ, гостуваше во Народно позориште, Сараево - БИХ;
  • Претставата „Разговори во четири очи“ гостуваше на НИТ Фест, Шилпи театар во Катманду и на Паралел фестивал, Театарот во Покхара – Непал, 2020 г.;
  • Македонскиот народен театар со претставата „Галеб“ од А.П. Чехов, во режија на Нина Николиќ, гостуваше на 27. издание на Интернационалниот театарски фестивал „Варненско лето“ во Варна на 11 јуни и на 13. издание на платформата „Светскиот театар во Софија“ на 13 јуни во Софија, Бугарија. Гостувањето на македонската претстава се реализира на покана на фондацијата „Виа Фест“, која ги организира овие два значајни театарски фестивали;
  • Македонскиот народен театар со претставата „Разговори во четири очи“ во 2018 г. гостуваше на 6. Интернационален театарски фестивал „Подмосковски ноќи“, што се одржи во Митишчанскиот театар за драма и комедија „Фест“ во Русија;
  • МНТ со претставата „Разговори во четири очи“ во 2017 г. гостуваше во Народно позориште Република Српска, Бања Лука како и на Фестивалот Денови на „Јурислав Корениќ“ во Камерен Театар 55, Сараево;
  • Разговори во четири очи“ во 2017 г. успешно ги заврши гостувањата: „Central European Theatre Festival“ во Кошице, Р. Словачка; „Belaya Vezha“, Р. Белорусија и во театарот „Kosztolányi Dezső“, Р. Србија.
  • Она што треба да се потенцира, е дека во 2016 г. претставата „Разговори во четири очи“ имаше големи фестивалски успеси во Санкт Петербург во Русија на Меѓународниот театарски фестивал АртОкраина (ArtОкраина), Фестивалот ФЕМАРТ (FEMART) во Косово и Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица. „Разговори во четири очи“ е претстава која го збогатува своето фестивалското искуство надвор од границите на Балканот.

Награди

  • Специјалната награда за режија  за претставата „Нема да биде крај на светот“ на фестивалот „Живи Фест“ во Босна и Херцеговина;
  • Претставата „Разговори во четири очи“ на режисерката Нина Николиќ ја освои наградата на жирито за најдобра претстава на 6. Интернационален театарски фестивал „Подмосковски ноќи“, што се одржа во Митишчинскиот театар за драма и комедија „Фест“ во Русија 2018 г.

Режисерскиот ракопис на Нина Николиќ е испровоциран или посветен на суштинските и длабоки човечки чувства. Основна е љубовта, а дали таа носи проблеми или не - е она со кое се бават тие претстави. Значи, во потрага е по една од иманентните потреби/состојби на човековото живеење: љубовта од секаков вид, љубовта на човекот кон човекот и сето она што тоа чувство со еманира.

 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk