Актери

Статус на актер

Сите

Љупчо Петрушевски

Љупчо Петрушевски (1945 - 2020) е дипломира на отсекот за актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како дел од првата генерација на дипломирани актери. Целиот работен век од 1966 година до пензионирањето го поминува во МНТ. Во периодот од 1983 до 1988 година ја извршува функцијата директор на Драмата на МНТ, а потоа 1988 до 1999 година е директор на МНТ. Повторно е директор на Драмата на МНТ во периодот од 2004 до 2006 година.

СЕЛЕКТИВНА ТЕАТРОГРАФИЈА

  • Витезот од Рипафрата (Мирандолина, 1985) автор: Карло Голдони, режисер: Вукан Диневски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Михаил Антонов (Македонски состојби (Мацедонише цуштенде, 1984), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Полициски старшија (Свирач на покрив, 1983), автор: Џери Бок, режисер: Владо Штефанчиќ, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Виќа (Сомнително лице, 1982), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Владимир (Габи, 1982), автор: Бранко Варошлија, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (По претставата, 1981), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Молскавици, 1981), автор: Коле Неделковски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Остен, 1981), автор и режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Ѓорѓија, кожарски трговец (Милион маченици, 1980), автор: Ристо Крле, режисер: Петре Прличко, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Баронот, Проповедникот, Инквизиторот, Гувернерот, Опатот (Кандид, 1980), автор: Волтер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Непознатиот (Сојтарии, 1979), автор: Јулиус Сатински и Милан Ласица, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Неговата екселенција исповедникот (Обесеник, 1979), автор: Борислав Пекиќ, режисер: Владимир Милчин
  • Чорниј Вашил (Кенгурски скок, 1979), автор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Исак Комнен (Алексијада, 1978), автор: Богомил Ѓузел, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Шатов (Бесови, 1978), автор: Албер Ками, режисер: Илија Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • ('48, 1977), автор, адаптација и режија: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Професионалецот; Првиот комарџија (Крчма под зеленото дрво, 1977), автор: Петар Ковачевиќ, rежисер: Владимир Стрниско, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Отепвачка, 1976), автор: Ристо Крле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Кметот (Соблазна во шентфлоријанската долина, 1976), автор: Иван Цанкар, rежисер: Владимир Милчин Македонски народен театар – Скопје
  • Хоакин Муриета (Славата и смртта на Хоакин Муриета, 1976), автор: Пабло Неруда, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Хемиските потписи на човечките организми во воздухот, 1975), автор, адаптација и режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Таке Фарфуриди (Загубеното писмо, 1975), автор: Јон Лука Караџале, режисер: Томче Стојков, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Алексеј Степанович Молчалин, секретар на Фамусов (Од многу ум, 1974), автор: Александар Грибоедов, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Пуба Фабрициј Глембај (Господа Глембаеви – премиера: 21.02.1974), автор: Мирослав Крлежа, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Шого (Тесен пат кон далечниот север, 1972), автор: Едвард Бонд, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Гаврил Игњатович (Фома, 1972), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Томе, работник (Под пирамидата, 1971), автор: Бранко Пендаровски, режисер: Илија Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Фомин (Зајдисонце, 1971), автор: Исак Бабељ, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Џони Бојл (Јунона и паунот, 1971), автор: Шон О'Кејси, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Шестиот парламентарец (Херкул и оборите на Авгиј, 1971), автор: Фридрих Диремант, режисер: Ѓорѓи Стојановски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Вознесенскиј (Живиот труп, 1971), автор: Лав Николаевич Толстој, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Федотик Алексеј Петрович, потпоручник (Три сестри, 1970), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Илија Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Парите се отепувачка, 1970), автор: Ристо Крле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Ценкер, член на Хитлеровата младина (Дабот и ангорските зајаци, 1969), автор: Мартин Валзер, режисер: Илија Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Сериозниот рудар (Играта на наредникот Мазгрејв, 1969), автор: Џон Арден, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Зафир, верен другар на Костадин (Печалбари, 1969), автор: Антон Панов, режисер: Петре Прличко, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Инж. Митко Подгорски (Чекор до есента, 1969), автор: Томе Арсовски, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Флориндо (Венецијански близнаци, 1968), автор: Карло Голдони, режисер: Вукан Диневски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Другарот Тројкин (Бања, 1968), автор: Владимир Мајаковски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Нил Стратонич Дудукин (Без вина виновни, 1968), aвтор: Николај Алексеевич Островски, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Павле Власов (Мајка, 1968), автор: Бертолт Брехт, режисер: Предраг Динуловиќ, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Дежурниот (Вител, 1968), автор: Коле Чашуле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Џон (Живот во моите раце, 1968), автор: Питер Јустинов, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Бањски гостин (Сенка, 1967), автор: Евгениј Шварц, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Морнарот (Време од вашиот живот, 1967), автор: Вилијам Саројан, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Втор агент (Случајот во Виши, 1967), автор: Артур Милер, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар – Скопје

СЕЛЕКТИВНА ФИЛМОГРАФИЈА

  • Трговец (Трето полувреме, 2012), режисер: Дарко Митревски
  • Доктор (Сенки, 2007), режисер: Милчо Манчевски
  • Никола (Стрмноглави, ТВ филм, 2006), режисер: Маја Младеновска
  • (Глужд во времето, ТВ филм, 2001), режисер: Ѓорѓи Стојановски
  • (Анѓели на отпад, 2005), режисер: Димитрие Османли
  • (Скопски сновиденија, ТВ филм, 1988), режисер: Димитрие Османли
  • (Ѕвездите на 42-та, 1987), режисер: Јане Петковски
  • Цар Симеон (Климент Охридски, ТВ филм, 1986), режија: Славољуб Стефановиќ - Раваси
  • Веќа (Сомнително лице, 1985), режисер: Димитар Христов
  • Керим-ага (Трговецот од Солун, 1985), режисер: Душко Наумовски
  • Од зад грб (1985), режисер: Благој Андреев
  • Остоик (Лет во место, ТВ филм, 1984), режисер: Слободан Унковски
  • (Нели ти реков, 1984), режисер: Стево Црвенковски
  • (Записник, ТВ филм, 1983), режисер: Тихомир Бачовски
  • (Слана во цутот на багремите, ТВ филм, 1982), режија: Илија Филиповски
  • (Јужна патека, 1982), режисер: Стево Црвенковски
  • (Милион маченици, ТВ филм, 1982), режисер: Бранко Ставрев
  • Првиот агент (Сослушувањето на железничарот, ТВ филм, 1976), режисер: Слободан Унковски
  • Павле (Прва вечер, ТВ филм, 1974), режисер: Димитрие Османли
  • (Вујковиот сон, ТВ филм, 1970), режисер: Бранко Гапо
  • Јаков (Маљва, ТВ филм, 1969), режисер: Димитрие Османли

 

ТВ-серии

  • (Наше маало, 2002)
  • Љубе (Погрешно време, 2000)
  • Циганот (Трст виа Скопје, 1990)
  • Петар Поп Арсов (Народни трибуни, 1987)
  • (На наш начин, 1985)
  • (Другарувања, 1984)
  • (Јуначко колено, 1984)
  • (Едно лето, 1982)
  • (Илинден, 1982)
  • Агентот Зујик (Наши години, 1979)

 

  • Име Љупчо
  • Презиме Петрушевски
  • Година на раѓање 1945
  • Пол Машко
  • Статус на актер IN MEMORIAM
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk